„Куќите на стравот“ се голема атракција во САД и можат да се најдат вакви места на секој чекор. Индустријата од ваков тим е прилично развиена во западните земји и постои голема заинтеренсираност од страна на туристите. За жал во Македонија оваа индустрија не е развиена, но навистина би било интересно доколку вакви атракции би постоеле. Еве неколку интересни факти за „Куќите на стравот“ во САД.

10. Има повеќе „Куќи на стравот“ отколку продавници на Таргет

Токму така, во САД има повеќе вакви куќи отколку продавници на брендот Таргет, односно има 2.700 „Куќи на стравот“ и 1.800 продавници на Таргет низ САД. Во 2016 куќата на стравот креирана од Мелиса Карбоне наречена Haunted Hayride имала дури 80.000 посетители во 2016 година.

9. „Куќите на стравот“ се индустрија од 300 милиони долари

Дури 20% од сите Американци ги посетуваат овие атракции за време на „Ноќ на вештерките“ и заработката само тогаш изнесува од 2 до 3 милиони долари.

8. Тие можат да бидат многу скапи за одржување

Според проценките за да се креира квалитетна „Куќа на стравот“ потребни се околу 100.000 за да се вложи во неа и околу 30.000 долари за маркетинг. Исто така сопствениците мораат да ги почитуваат сите правила и прописи кои им ги доделува државата, доколку не сакаат да плаќаат големи казни. Осигурувањето е вклучено во искуството со „Куќите на стравот“.

7. Голем дел од „Куќите на стравот“ работат во хуманитарни цели

Скоро 80% од „Куќите на стравот“ ширум САД се од хуманитарен карактер, а некои од нив донираат и 100% од нивната заработка. „Куќата на хоророт на обесениот човек“ во Тексас донирала 1,7 милиони долари во хуманитарни цели на локалната општина.

6. Расте побарувачката за „Екстремни куќи на стравот“

Старите куќи на стравот вклучуваа вештачка крв и костури кои скокаат, но модерните атракции стануваат екстремни и агресивни. „МекКеми Вилата“ во Тенеси се смета за најекстремната „Куќа на стравот“, каде што посетителите јадат чудни работи и ги тестираат сопствените граници. За посета на оваа место се чека ред, а моментално има 27.000 луѓе кои чекаат за да влезат. Пред да влезат во вилата сите се подложени на лекарски преглед и потпишуваат посебен договор.

5. Некои луѓе многу ги мразат „Куќите на стравот“

„МекКеми Вилата“ има прилично многу „хејтери“ од локалните жители затоа што нивните деца па и тие самите секој ден се сведоци на страшни сцени. Се случувало соседите да пријавуваат дека жена е киднапирана од својата кола и била однесена во куќата, за на крајот да се покаже дека и тоа е дел од планот, или пак исто така кога жена со ланец околу вратот била влечена во дворот.

4. Овие атракции се штетни за Вашето срце

Новинарот Џеф Росен влегол во „Крвавата Вила“ со монитор за срце кој бил набљудуван од кардиологот Др- Сузан Стеинбаум. Мониторот покажал дека крвниот притисок се зголемува и срцето се изморува исто како по екстремно, исцрпувачко вежбање. Иако луѓето со здраво срце можат ова да го издржат ова, сепак овие атракции не се препорачуваат за луѓе со проблеми со срцето.

3. Можете да умрете и никој да не примети

Постојат повеќе евидентирани случаи на луѓе кои работеле во „Куќите на стравот“ и починале таму без никој да примети. Во 1990 година 17-годишно момче по име Брајан Јевелс случајно се обесил. Неговата задача била со лажна бесилка да ги плаши луѓето кои минувале со возот покрај него. Во 2001 година 14-годишниот Калеб Реб исто така случајно се обесил, додека луѓето го гледале затоа што мислеле дека тоа е дел од глумата.

2. „Куќите на стравот“ станале познати поради Дизни

Иако „Куќите на стравот“ се појавиле пред Дизни, сепак нивната комерцијална слава ја стекнале откако таква била направена од страна на Дизни во 1969 година.

1. Успехот на „Куќите на стравот“ е определен од науката

За да биде успешна една „Куќа на стравот“ потребно е да биде страшна, но да не претставува трауматично искуство. Д-р Џозеф ЛеДукс од Њујорк ги нарекол низок пат и висок пат. Нискиот пат носи сензорни податоци за хипоталамусот, регионот на мозокот кој предизвикува реакција на борбата или летот. Ова е моментот кога вашиот мозок најпрво ја чувствува заканата и имате моментална реакција. Сензорните податоци потоа се пренесуваат преку подолгиот висок пат до хипокампусот, кој е вклучен во долгорочната меморија. Овој дел од мозокот се базира на овие сеќавања за да обезбеди контекст за она што го гледате, помагајќи му на вашето тело да разбере дека „Куќата на стравот“ не претставува вистинска закана.

Сподели на Facebook
пати видено