Од Ханс Кристијан Андерсен до Сер Исак Њутон, многу славни уметници, писатели и научници од историјата имаат нешто заедничко: најверојатно останале девици во текот на целиот живот.

Елизабета I

дв01

Позната како „Кралицата Девица“, Елизабета имала многу додворувачи во текот на нејзиниот живот, но никогаш не се омажила. Тогашниот англиски (и религиозен) закон забранувал сексуален однос доколку партнерите не се во брак.

Ханс Кристијан Андерсен

дв02

Данскиот писател од 19. век никогаш не се оженил. Иако се додворувал на неколку жени, се рашириле гласини дека сепак повеќе го претпочитал друштвото на непознат машки љубовник. Но сепак нема докзаи дека врската била телесна.

Сер Исак Њутон

дв03

Њутон живеел 84 години и помогнал за сите времиња да се промени текот на човечката историја и наука. Но никогаш не се оженил, ниту ѝ се додворувал на некоја жена или ѝ побарал нешто повеќе од обично пријателство и познанство. Многумина веруваат дека ова се должи на неговите пуритански религиозни и морални верувања.

Луис Карол

дв04

По смртта на славниот автор за деца, во неговата колецкија на фотографии биле најдени неколку фотографии со малолетни девојчиња, засекогаш уништувајќи го неговиот имиџ. Карол никогаш не се оженил ниту се додворувал на некоја за време на целиот негов живот.

Никола Тесла

дв05

Брилијантниот пронаоѓач, иноватор и дизајнер верувал дека сексуалните врски и нагонот кон истите би му го одвлекле вниманието од неговата работа. Така тој апстинирал од се.

Јованка Орлеанка

дв06

„Девицата воин“ го посветила сиот нејзин живот (и меч) на Бога и католичката црква. Никогаш не влегла во манастир, но сепак никогаш не се омажила ниту била во врска со некого.

Мајка Тереза

дв07

Веројатно една од најпознатите современи девици била Мајка Тереза, чиешто религиозно и милосрдно дело го привлече светското внимание. Дури и пред да се замонаши Мајка Тереза апстинирала од секојдневните односи.

Џ. Едгар Хувер

дв08

Долгогодишниот директор на ФБИ живеел со неговата мајка се до нејзината смрт, никогаш не се оженил и наводно ја криел неговата хомосексуална врска користејќи ја неговата работна позиција. Како и да е, тој никогаш не се оженил, ниту планирал такво нешто. Некои тврдат дека тој воопшто не чувствувал никаква сексуална желба.

Хенри Кавендиш

дв09

Вториот научник по својата популаронст како девица е Кавендиш, кој се плашел од социјалните ситуации и ги избегнувал секогаш кога можел. Како резултат на тоа, се посветил на неговата работа и апстинирал од каква и да е врска, не само сексуална.

Хенри Џејмс

дв10

И Хенри Џејмс никогаш не се оженил, што довело до ширење гласини за можна хомосексуалност, но дали имало нешто повеќе помеѓу него и многуте негови блиски пријатели е непознато.

Сподели на Facebook
пати видено