Сакаме да размислуваме дека сме господари на сопствените умови и тела, на крајот на краиштата, кој друг, ако не ние? Сепак, нашиот ум е сложена и комплексна работа чии тајни допрва треба да се откријат. И дури може да манипулира со нас кога најмалку го очекуваме. На пример, ако се колебаме за отпочнување на нова и непозната работа, добрата вест е дека имаме поголема веројатност да успееме. За денес поготвивме листа од 10 психолошки игри кои нашиот ум сака да ги игра со нас.

10. Ореол Ефект

Ова е добро познат ефект што рекламните агенции во голема мера го користат – зад него е идејата дека едно лице лесно ќе донесе одлука за производ врз основа на личноста која го претставува. Ние тежнееме да мислиме дека познатите луѓе имаат одреден „не може да погреши“ ореол околу себе и ние потсвесно го пренесуваме ова врз производот што го претставуваат.

9. Ефект на случаен минувач

Додека е во толпа луѓе, има помала веројатност едно лице да му помогне на некој што има потреба, бидејќи потсвесно мислиме дека некој друг ќе го стори тоа. Пред неколку години, беа спроведени експерименти за овој ефект и открија дека кога едно лице во толпата е подготвено да помогне – други ќе го следат. Но, главната работа била да се најде „херој“ за да го започне движењето.

8. Ефект на рефлекторите

Дали некогаш сте размислувале одново и одново за каков вид на впечаток сте оставиле? Како, дали сте премногу несмасни или дали ја носевте вистинската облека на забавата? Ова се нарекува ефект на рефлектор – буквално размислување дека центарот на вниманието е на нас во секое време и секоја непријатност ќе биде веднаш забележана од другите.

7. Ефект на онлајн дезинхибиција

Масовните медиуми во голема мера придонесоа за ефектот што стои зад онлајн тролови и сајбер-малтретирање. На интернет, каде што би можеле да употребиме алијас, имаме тенденција да бидеме посурови, осудувачки настроени и груби отколку што некогаш би биле во реалниот живот.

6. Ефект на мажоретка

Суштината на ефектот е ова – една личност изгледа поубава, кога е опкружена со група атрактивни пријатели – исто така е позната како „ефект на групна атрактивност“. Ова се случува затоа што вашиот мозок всушност го пресметува „просечното ниво на привлечност“ во групата.

5. Данинг-Кругеров ефект

Според овој ефект лицата со поголема вештина ја потценуваат нивната компетентност и може погрешно да претпостават дека задачите кои се лесни за нив исто така се лесно и за другите, а додека пак лицата со помала вештина страдаат од илузиорна надмоќност, погрешно проценувајќи ја нивната способност како многу поголема отколку што таа навистина е.

4. Дежа ву

Повеќето од вас го знаат овој француски термин што буквално значи „веќе видено“. Дежа ву е поим за чувство како да сте ја преживеале ситуацијата што ви се случува во реално време. Психологијата сè уште нема одговор на она што ги предизвикува овие чувства и Дежа ву останува да биде нерешен феномен.

3. Гугл Ефект

Google е долго време со нас, што во голема мера придонесе за тоа лесно да се заборави нешто, особено ако мислиме дека можеме брзо да го најдеме на интернет. Затоа овој ефект беше именуван по Google.

2. Пареидолија

Рareidolia е ефект што прави да ги препознаваме познатите работи на непознати или неверојатни места – како што е оваа лулашка што личи на Рафаело од Нинџа Желките или оваа мандарина (подолу) што личи на постер на Спајдермен.

1. Феномен на скршен ескалатор

Оваа психолошка игра си поигрува со нашите физички чувства – во основа тоа е кога очекуваме нешто да се случи, но тоа не не случува. Ова е најочигледно во сценаријата кога очекуваме една последнаскала кога одиме по скалите и не е таму, или кога ќе влеземе во скршен ескалатор и не се движиме.

Сподели на Facebook
пати видено