Долго пред модерното војување постоеле витези во блескав оклоп кои се бореле за љубовта на девицата или пак во кобна битка. Ако мислевте дека оружјето на овие војници се состоело само од меч и штит, тогаш се лажете. Ова се десетте чудни и смртоносни оружја кои што се користеле стотици години и нивната употреба се ширела низ целиот свет. Иако овие оружја не се користеле редовно, тие се вистински доказ за напредокот на технологијата во средновековната војна.

Троен бодеж

Овој бодеж изгледа сосема нормално се додека не се ослободат останатите два со помош на пружина. Бодежот е направен за да нанесе повеќе штета на противникот. Во средовековниот период бодежите се употребувале кога витезот ќе го изгуби основното оружје.

Уруми

Уруми бил многу флексибилен долг меч направен од челик или месинг, и честопати бил третиран како метален камшик. Често се состоело од неколку метални сечила, а во некои случаи имало и до 30 сечила на еден меч. Мечот потекнува од јужните држави на Индија.

Штитот со пиштол

Штитот со пиштол е токму она што неговото име го сугерир, штит со пиштол на заклучување и дупка во средината и мало прозорче за набљудување над неа. Се верува дека штитот бил користен од личниот телохранител на Хенри VIII околу 1544-1547.

Грчки оган

Грчкиот оган бил запаливо средство кое што горело дури и на вода. Се вели дека во VII век византискиот архитект по име Калиникос го измислил грчкиот оган и го искористил за да го одбрани Константинопол од арапската флота.

Ловец на луѓе

Ловец на луѓе било оружје со долга рачка и околувратник со шилци. Оваа оружје служело да се симне јавачот од коњот и да се зароби некој од кралското семејство за откуп. Доколку лицето нападнато од оваа оружје носи оклоп и на главата не би можело да се здобие со смртоносни рани, но доколку нема, тогаш ќе биде усмтрен од острите шилци.

Кпинга

Кпнинга бил нож за фрлање од страна на воините на Азанде племето во Нубија, Африка. Тие го нарекувале оружјето и „Хунга Мунга“ и имало три сечила кои излегувале од центарот и варирале во облик и големина. Само најискусните воини го носеле во битка.

Канџата на Архимед

Канџата на Архимед е слична на Ловецот на луѓе само многу поголема. Во 3-тиот век Архимед го дизајнирал за да го заштити градот Сиракуза против римската морнарица. Како одговор на катапултите изградени од Архимед, Римјаните почнале да ги напуштаат бродовите и со големи скали да се качуваат по морските брегови. Канџата била механизам за брод во вид на дрвен кран, кој ги превртувал бродовите во водата.

Гнездо на пчели

Гнездото на пчели се состоело од шестоаголни цевки исполнети со голем број на стрели кои што се исфрлаат како од ракета. Цевките се прошируваат кон врвот за да можат да се исфрлат стрелите кога ќе се отвори гнездото. На врвот на стрелите често имало отров или запалив материјал. Оваа оружје потекнува од Кина.

Жуа

Жуа што значело „канџа“ е древно кинеско оружје кое се состоело од 6-метарска железна рака. Таа се користела за разоружување на непријателот и за тргање на штитовите од патот.

Фенер-штит

Фенер-штитот е наречен „швајцарски војнички нож на оружјето“, бидејќи можело да се сместат многу предмети на еден штит. Се работи за мал штит во облик и неговата главна карактеристика била кука на која можело да се обеси фенер. Оваа функција била наменета за да го ослепи противникот во борбите во мракот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено