Не се потпира секој филм на специјални ефекти за да биде добар. Режисерите, актерите и каскадерите понекогаш прават чуда што никогаш не сме помислиле дека се можни без специјални ефекти. Ова се сцени од филмови за кои сите сме помислиле дека се дело на компјутерската графика, но всушност се прилично „реални“.

1. Том Круз всушност се искачил на Бурџ Халифа за Невозможна мисија: Протокол дух.

„Кога ќе бидете на врвот и ќе погледнете надолу, луѓето ќе мислат дека тоа е компјутерска графика, но не е.“, изјави за Лос Анџелес Тајмс Грег Смир, координатор на каскадерските сцени. Па, користењето на зелен екран би било многу полесно отколку нишањето на Бурџ Халифа на височина над 600 метри.

2. Сцената со автомобилот кој се превртува во Казино Ројал создаде светски рекорд.

Откако Даниел Крег влезе во светот на Џејмс Бонд во текот на 2000-тите, франшизата Бонд создаде многу рекорди, вклучувајќи ја и најголемата експлозија во филм. Еден од првите рекорди бил во првиот филм на Крег, Казино Ројал, каде што каскадерот Адам Кирли, седум пати се превртел со автомобилот.

 

 

3. Тоби Магвајер во Спајдермен, навистина ги фатил сите предмети на послужавникот.

Иако не звучи како нешто посебно прилично е тешко да се вратат сите предмети на послужавникот додека во исто време држите девојка. Наместо специјални ефекти тимот користел суперлепак на послужавникот за да му помогне на Тоби да ги задржи предметите. На актерот му успеало на 156-тото снимање.

 

4. Сцената „Paris Café“ во филмот Почеток.

Кристофер Нолан е познат по филмовите кои го збунуваат умот и што е можно помалата употреба на специјални ефекти. Еден од овие филмови е Inception (Почеток) и содржи група на практични ефекти. Една специфична сцена во филмот е сцена „Paris Café“, во која парчињата остатоци експлодираат едно по друго со бавно движење. За да ја направат оваа работа, тимот користел серија воздушни топови додека снимале сцени со 1.500 фрејмови во секунда, користејќи специјализирани камери.

 

5. Диносаурусите во Паркот Јура не биле компјутерска графика.

Дури 24 години по објавувањето на филмот, специјалните ефекти во Паркот Јура сé уште се непобедливи. Диносаурусите во филмот биле изградени со помош на аниматроника, а некои биле момчиња во костуми на диносауруси. Сето ова било можно со напорите на „мајсторот“ за специјалните ефекти Стен Винстон, добитник на Оскар.

 

6. „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ наводно е без компјутерска графика.

Во „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ Џим Кери се обидува да се ослободи од сеќавањата за неговата девојка. Освен одличниот перформанс на Џим практичната употреба на специјалните ефекти во филмот е исто така извонредна. За да се направат две верзии на Џоел Бариш (Џим Кери) еден во меморијата, а другиот како ги гледа спомените, режисерот Мишел Гондри го натерал Џим да трча од една во друга сцена.

7. Сообраќајката на Бетмобилот во „Темниот витез“ не е дело на компјутерска графика.

Нолан и неговите практични специјални ефекти повторно ја освоија публиката. Нолан користел минијатурен редуциран сет и возила за да го постигне ефектот.

 

8. Орките во „Господарот на прстените“.

По снимањето на Хобит со 3D камера со 48 фрејмови во секунда, Питер Џексон очекуваше многу позитивен одговор од публиката. Но, гледачите сè уште го претпочитаа Господарот на прстените. Иако трилогијата на прстените има доволно количество на специјални ефекти, орките и другите суштества се само шминка и протетика на телото.

 

9. Реакторот на Тони Старк.

Не го негираме фактот дека Iron Man е полн со компјутерска графика, но една од најпознатите сцени кога Пепер Потс го вади реакторот од градите на Тони не вклучува компјутерска графика, туку специјално изработен реквизит. Исто така поголемиот дел од лабораторијата на Тони е реален.

 

10. Астероидите во „Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ се само компир и чевел.

Во епизода V – Империјата го возвраќа ударот чевли и компири се користеле како астериоиди.

Сподели на Facebook
пати видено