Денес човештвото се надмина и напредокот никогаш не престанува да нè изненадува. Што сме морале да поминеме за да постигнеме сè до овој момент? Оваа статија ќе ни даде одговор на ова прашање.

10. Ајнштајн можел да стане претседател

Во 1952 година, по смртта на претседателот на Израел, премиерот на земјата му понудил на Ајнштајн работа. Научникот бил почестен од понудата, но одлучил да ја одбие и рекол: „За мене, математичките равенки се многу поважни, бидејќи политиката е неопходна за сегашноста, а равенките се за цела вечност.“

9. Копчиња како лек за растечен нос

Ако внимателно ги погледнете класичните модели на машки јакни, можете да видите линија на копчиња кои денес се само декорација. Меѓутоа, пред тоа, тие имале вистинска цел. Наполеон Бонапарта наредил да се шијат низа копчиња на ракавите на униформите на неговите војници. Тој го сторил тоа за да ги спречи војниците да го избришат носот со своите ракави.

8. Мравките војници биле користени за шиење на рани

Индијанците во историјата се познати како многу независни и силни луѓе. Тие биле толку силни што ги шиеле раните со помош на војнички мравки. Овие инсекти со челустите ги грабнувале рабовите на раната и не дозволувале да се раздвојат.

7. Кисела зелка со вино била храна за робови во Кина

Кисела зелка пристигна кај нас од Кина. Чин Ши Хуангди, првиот император на Кина, им дал наредба да ги натопат зелките во виното и да ги нахранат робовите кои работеле на Кинескиот ѕид. Се верувало дека ова посебно јадење ја зголемува издржливоста.

6. Корсет за Кралицата на Англија

Главата на секој мртов кит пронајден на бреговите на Британија му припаѓа на кралот со закон. А опашката ѝ припаѓа на кралицата – во случај да ѝ требаат коски за да направи корсет.

5. Смртоносно тестирање

Во 1920-та година, панцирот бил тестиран со ставање на телото. Еден од „среќните момчиња“ кои помогнале во тестирањето бил полцаецот Марфи. Тој беше застрелан два пати во градите и сведоците изјавиле дека „око не му трепнало кога ги примил куршумите.“.

4. Пресадување на заби од едно лице на друго

Вилицата погоре ѝ припаѓала на етрурска личност која живеела на италијанска територија пред 2500 години. Низ историјата луѓето користеле различни методи за да ги заменат изгубените заби. За време на етрурската цивилизација, на пример, изгубените заби биле користени за да се поправиа вилицата и да да направи убава насмевка. Додека подоцна, во 19-тиот век, сиромашните луѓе ги продавале забите, додека богатите ги купувале и ги трансплантирале во устата на местата каде што им недостасувале заби.

3. Фризери биле стоматолози

За време на Наполеоновите војни, многу војници ги загубиле забите. Берберите од тоа време кои не ги изгубиле главите, почнале да прават вештачки вилици користејќи ги забите на мртвите војници. Тие биле именувани како „Ватерло заби“ и бидејќи немало стоматолози, целата работа била направена од берберите.

2. Хипократовата заклетва не била напишана од Хипократ

Во првиот нацрт, напишан од Хипократ, на лекарите им било забрането да промовираат абортус, а исто така бил откриен концептот на „медицински тајни“. Целосната верзија, која сега ја знаеме, се појавила многу подоцна од смртта на грчкиот лекар и филозоф.

1. Најголемата птица што некогаш живеела на Земјата

Аргентавис, тераторн е птица која живеела на нашата планета пред илјадници години. Нејзиниот распон на крилја се протегал на околу 7,6 метри. Се смета за најголема птица која некогаш постоела.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено