Секој возач ги носи со себе во автомобилот основните работи кои му се потребни во случај автомобилот да се расипе, или пак да се обезбеди потребната потребната опрема за неговото нормално функционирање.

Но, сепак постојат работи на кои на прв поглед не им е место во автомобилот, а можат да послужат за решавање на повеќе проблеми.

Паста за заби

Пасттаа за заби може да ви помогне да ја отстраните жолтиот слој од светлата на вашето возило подобро од било што друго. За да го направите ова, ставете малку паста за заби на светлата, потријте со сунѓер и измијте со вода. Ако светлата се премногу валкани, направете го тоа 3-4 пати.

Крема за бричење

Со цел да ги спречите вашите прозорци да се замаглат во зима, треба само да ги измиете со крема за бричење. Еве, можете да видите како функционира.

Платно

Налепниците на шофершајбната можат да бидат навистина проблематични за отстранување. Ставете крпа натопена во топла вода на налепница од спротивната страна на шофершајбната. Кога се излади, лепилото ќе се опишти и налепницата ќе може полесно да се отстрани.

Лак за нокти

Ако забележите пукнатина на шофершајбната, лесно можете да го поминете со лак за нокти. Тоа ќе ја спречи пукнатината да стане поголема за да можете безбедно да стигнете до вашата дестинација.

Одзатнувач

Ако има мала вдлабнатина на автомобилот можете да користите одзатнувач за да ја отстраните. Еве како функционира.

Средство за дезинфекција

Средство за дезинфекција може да се користи за отворање на замрзната брава. Само ставете дел од него на бравата и почекајте неколку минути. Растворот ќе го стопи мразот и вратата ќе може лесно да се отвори.

Хулахопки

Ова не звучи реално, но според коментари на некои корисници, тоа навистина функционира. Ако ви се уништи ременот додека сте на пат можете да ги користите хулахопките за да стигнете до најблиското место каде што се продаваат ремени.

Лимон

Ако не сте спиеле доволно но мора да возите земете лимон со вас. Кога ќе ви се приспие само ставете лимон под јазикот и киселината ќе ве освежи.

Балсам за коса

Специјални анти-дожд производи обично чинат богатство. Тие лесно можат да се заменат со обичен балсам за коса. Ставете го на автомобилот и потоа измијте го. Капките од вода ќе се лизгаат навистина брзо.

Штипки

Ако ставите капка ароматично масло на  дрвена штипка и ја ставете на  автомобилот тој ќе го носи вашиот омилен мирис.

Сподели на Facebook
пати видено