Не сте само вие. Истражувањата покажуваат дека голем дел од светското население страда од несоница. Но, зошто? Има повеќе причини кои би можеле да се набројат. Можеби сте нервозни поради важниот тест следниот ден. Можеби сте останале предолго на Фејсбук. За некои, од друга страна, се чини како да не постои логична причина поради која им бега сонот.

Која и да е причината поради која ноќе останувате будни повеќе отколку што треба, се наоѓате на вистинското место. Ова се десетте најдобри начини благодарение на кои ќе можете да се наспиете како бебе.

1. Станете и правете нешто друго

ns01

Ова можеби ќе ви се чини спротивно на здравиот разум, но ако не можете да заспиете по дваесет минути обидување, не си правите услуга така што ќе се превртувате во креветот. Станете и разодете се малку. Прочитајте нешто. Сторете нешто што ќе ви го оттргне умот од фактот дека не можете да заспиете, и потоа обидете се пак. Ова е добар начин да се ослободите од стресот кој ве одржува будни.

2. Држете се подалеку од екраните пред легнување

ns02

Ова важи за телевизорите, умните телефони кои вас ве прават неумни, таблетите, па дури и Киндл, доколку употребувате такво нешто. Зошто? Бидејќи светлината којашто ја испуштаат овие екрани го намалува лачењето на мелатонин, соединение кое го произведува вашиот мозок за да ви помогне полесно да заспиете и да го одморите вашиот организам. Истражувачите исто така сугерираат дека оваа светлина го нарушува циркадијалниот ритам во вашиот мозок. Во основа тоа значи дека овие направи го мамат вашиот мозок дека сѐ уште е ден, бидејќи нивната светлина наликува на дневната.

3. Секоја ноќ легнувајте си во исто време

ns03

Сите сакаме да останеме подоцна навечер во текот на викендот, но тоа ни прави повеќе штета отколку полза. Последователното време за спиење го одржува точен вашиот внатрешен часовник. Можеби звучи како премногу строга рутина, но ова може драстично да го промени вашиот сон.

Променете ја вашата постела

ns04

Дали вашите чаршафи ви се удобни? Или душекот ви е ужасен? Не е ни чудо што не можете да заспиете! На крајот на краиштата, како и можете да заспиете ако самото легло на коешто треба да заспиете ви е неудобно? Преуредете го леглото и направете ја секоја неопходна промена.

5. Употребувајте го креветот само за тоа за што е наменет

ns05

Се разбира, појадокот в кревет е фина работа, и читањето на со главата удобно во перницата можеби се чини забавно и удобно, но овие активности можат да се испречат помеѓу вас и добриот сон. Колку повеќе работи правите во вашиот кревет коишто не се поврзани со спиењето, толку потешко ќе ви биде да заспиете. Употребувајте го вашиот кревет само за спиење и за секс.

6. Обидете се со мелатонински додатоци

ns06

Природно си е природно, и најдобро е да ја избегнувате аптеката колку што можете, но ако веќе имате толкави проблеми со спиењето, би можеле да се обидете со мелатонински суплементи, во консултација со вашиот матичен лекар.

7. Треснете го стресот од земја

ns07

Ова можеби се чини дека е полесно да се каже, отколку да се направи, но обидете се да ги разрешите сите судири, внатрешни и надворешни, пред да се упатите в кревет. Ако сте под стрес или сте лути поради нешто, обидете се самите на себеси да си бидете „адвокат на ѓаволот“ за да си ги смирите вашите нерви. Доколку вие и саканата личност сте среде кавга, обидете се разумно да го разрешите спорот пред да си легнете. Многумина откриле дека запишувањето на нивните грижи во личен дневник пред легнување им помогнало полесно да заспијат. Стресот гарантирано ќе ве одржува будно, па затоа обидете се да заборавите на него пред да си легнете.

8. Дишете длабоко

ns08

Бавното и длабоко дишење можеби ќе ви звучи како нешто што го правите во лекарската ординација, но навистина може да ви помогне да се опуштите. Техниката на дишење и во овој случај е многу важна работа.

9. Виткајте ги вашите ножни палци додека броите наназад од 1000

нs09

Ова е едно од најоткачените нешта кои сте ги слушнале, но навистина функционира и е стар јога трик. Легнете в кревет, спуштете ги ролетните и изгасете ги светлата и почнете да ги виткате ножните палци броејќи назад од 1000. За некои, ова е вид на медитација.

10. Советувајте се со вашиот лекар

ns10

Доколку ништо од ова не ви помогне, време е да се советувате со вашиот лекар. Лишувањето од сон може да доведе до сериозни нарушувања, промени во расположението и нефункционалност во текот на денот, а исто така може сериозно да се одрази и на вашето телесно здравје.

Сподели на Facebook
пати видено