Кристијан Диор еднаш рекол: „Едноставноста, добриот вкус и одржувањето се трите основи на добро облекување и тие не чинат пари“. Некои од нас имаат тенденција да заборават на третото, што ја поткопува вредноста на првите две. Многумина можат да се поврзат со ситуација во која прекрасната слика создадена од новите чевли е расипана од цената која сте ја заборавиле да ја тргнете од нив. Ова се 10, навидум мали работи во врска со вашиот изглед, поради кои можете да оставите лош впечаток.

1. Избледена облека

Сите знаеме дека класичниот црн фустан е иделен за секоја прилика, но не и доколку е избледен, тогаш ќе го постигнете спротивниот ефект од посакуваниот. Истото важи и за било која друга облека во боја.

Што да направите: Перете ги црните и алиштата со светли бои во ладна вода. За зачувување на бојата можете да додадете оцет, црно кафе или чај. Најсклони кон бледнеење е облеката направена од лен или ацетат, додека волната и најлонот може да ја зачуваат нивната боја подолго.

2. Бела облека, која што не е бела?

Жолтите или сивите нијанси кои ја уништиле вашата бела облека нема да ви помогнат да оставите вечаток на деловна и самоуверена личност. Исто така дамките од пот многу ја уништуваат белата облека.

Што да направите: Земете нова бела облека и споредете ја со целата бела облека што ја имате. Мали знаци на пожолтување може да се отстранат со додавање на хидроген пероксид, сода бикарбона или сок од лимон.

3. Невнимателно свиткани ракави

Добро свитканите ракави ќе ве направат да изгледате ккао динамична и забавна личност, но доколку ракавите ви изгледаат како хармоника, тогаш ќе делувате како личност која никогаш не облекла кошула во животот.

4. Шалвари

Шалварите или уште наречени „Харем пантолони“ се добри кога ги носи некоја рап ѕвезда или пак лик од бајките, но на „обичните“ луѓе тие изгледаат како неуспешен обид да изгледаат помлади и модерни.

Што да направите: Ако не можете само да се откажете од носењето на овие панталони, тогаш би било подобро барем да ги носите со патики.

5. Првут на облека

Трагите од првут на облеката изгледаат апсолутно ужасно.

Што да направите: Првутот покажува дека правите нешто погрешно во врска со вашето здравје. Можеби кожата на главата е премногу сува, или не земате доволно витамини.

6. Премногу додатоци

Неколку парчиња накит во комбинација со јака шминка можат да направат да изгледате невкусно.

Што да направите: Коко Шанел советува да го отстраниме додатокот што го ставаме последен, пред да излеземе од куќата.

7. Неуредна брада

Брадата за мажите е како шминката за жените, може да ги нагласи позитивните и дури да ги маскира недостатоците во вашиот изглед. Сеак ова функционира само ако брадата е уредна. Неуредната брада го прави секој приадник на посилниот пол да изгледа како бездомник.

8. Виснати панталони

Се чини дека фотографиите прават многу подобра работа во објаснувањето зошто не треба да носите фармерки или панталони на овој начин. Ова изгледа особено грдо во комбинација со лошо држење на телото.

Што да направите: Купете фармерки што одговараат на вашата големина, а во исто време избегнувајте ги оние со низок струк.

9. Размачкана шминка

Кога ја носите шминката подолг период, маскарата може да почне да се рони, карминот да се размачка, сенката да се преслика и слично. Затоа во овие случаи секогаш е подобро да ја избришете шминката наместо да одите такви во јавност.

10. Малите нешта

Ѓаволот, како што знаеме, лежи во деталите. Кармин на забите, мала дупка во фустанот, парче магдонос заглавено во забите – овие мали нешта брзо и лесно се забележуваат од луѓето што ги запознавме. Затоа секогаш пред да излезете од дома одвојте две минути за да направите основна проверка пред огледалото.

Сподели на Facebook
пати видено