Луѓето поминуваат голем дел од својот ден на своите работни места и поголемиот дел од времето го поминуваат во седечка положба. Континуираното седење повеќе часови може негативно да влијае на нашето здравје. Иако можеби нема да можеме да имаме активен животен стил во текот на овој период, некои промени во нашиот работен простор сигурно можат да го направат многу поздрав.

10. Биро за стоење

Најчесто работниот ден на они кои работат зад бирото им поминува во седење. Затоа е добро одреден период додека работите да го правите тоа стоејќи. Стоењето не само што ги намалува шансите за здебелување, туку исто така помага да се контролира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

9. Биро со велосипед

Велосипедот ќе ви помогне да се „раздвижите“ кога веќе неколку часа седите зад бирото. Ова е прилично евтина и корисна алтернатива која секој може да ја направи дома.

8. Тркало за морско прасе

Можеби понекогаш ни се чини дека работата во канцеларијата е исто како да трчаме на тркало за заморчиња, многу напор и сè уште нема напредок. Оваа „направа“ иако изгледа откачено може да им помогне на вработените да вклучат движење во монотоната канцелариска работа.

7. Стол со швајцарска топка

Швајцарските топки се препорачуваат за седење во канцелариите, бидејќи тие помагаат активно да се ангажираат мускулите на стомакот и грбот, овозможувајќи ви да го задржите правилното седење, намалувајќи ги шансите за болки во грбот.

6. Столови за стоење

Иако овој пренослив стол за стоење може да изгледа малку чуден, тој ви го дава најдоброто од двата света, ја добивате удобноста на седењето и здравствените придобивки од стоењето.

5. Стрес-топки

Стрес-топките се одличен начин на кој можете да се опуштите, но понекогаш тие можат да се изгубат. Сепак има топки кои можат да се залепат под бирото, така што нема да можете да ги изгубите и ќе ги сокриете од љубопитните погледи на колегите од работа.

4. Пикадо со лице

Сте имале несогласување со вашиот шеф? Дали вашето барање за одмор беше одбиено? Има многу прилики кога би сакале да удриме некој од канцеларијата. Впрочем, сите знаеме дека се лутината или вознемиреноста ја намалуваат продуктивноста. Ако сте лути или вознемирени ставете фотографии од таа личност на пикадо и уживајте во играта.

3. Користете ги скалите

Сите знаеме дека користењето на скалите е подобро од користење на лифтот. Но, честопати наоѓаме причини како што се недостатокот на време, доцнење на состанокот или заморување и тоа ни овозможува да го користиме лифтот многу почесто отколку да одиме по скалите.

2. Дремка на работа

И покрај тоа што е прифатено и охрабрувано во Јапонија вработените да имаат мала дремка на работа, остатокот од светот обично се мурти кога ќе се спомне дремка за време на работното време. Неодамнешните истражувања покажуваат дека дремката има моќ да ја зголеми креативноста и продуктивноста кај вработените.

1. Качување по ѕид

Канцелариите на Google постојано се рангираат како најдобри работни места, а тоа не е без причина. Камениот ѕид што го подигнале во една од нивните канцеларии е сигурно одличен начин да им се помогне на вработените да се забавуваат и да останат здрави.

Сподели на Facebook
пати видено