Дали вашиот шеф некогаш ве фатил како спиете на работа? Тогаш веројатно би било добро да живеете во Јапонија. Дали често сакате да одите дома попладне за да ручате со вашето семејство и да се вратите за да продолжите со работа? Во тој случај би било добро да живеете во Шпанија.

Од уметност и спорт до кујна, различни култури ги прават работите поинаку – и спиењето не е исклучок.

Гватемала: Спиење со „загрижени кукли“

Според традицијата на Маите во Гватемала, ако сте тажни или загрижени, можете да најдете олеснување доколку спиете со „загрижени кукли“ под перницата. Тие веруваат дека кога ќе се разбудите следното утро, сите ваши грижи ќе бидат одземени од куклите.

Бали: Спиење од страв

Спиење од страв е уникатно за Бали во Индонезија. Луѓето таму паѓаат во длабок сон за време на стресни ситуации.

Јапонија: Дремка во јавност

Во Јапонија, луѓето работат многу долго време, поради што мора да направат брза дремка на работа. Истражувањата покажаа дека кратките дремки за време на работата всушност ја зголемува продуктивноста и будноста.

Мексико: Спиење во хамакови

Луѓето во Мексико претпочитаат да спијат на хамакови, отколку во креветите.

Норвешка: Децата спијат и на отворено

Во Норвешка не е невообичаено да се види дете кое спие во количка без нивните родители до нив. Родителите веруваат дека дозволувајќи им на децата да дишат свеж воздух додека спијат, ќе го зајакнат нивниот имунитет. И со оглед на тоа што Норвешка постојано е рангирана меѓу најбезбедните земји за живеење, родителите навидум немаат причина да се грижат да ги остават без надзор.

Шпанија: Одење на сиеста

Типичниот шпански работен ден започнува околу 9 часот наутро до околу 13:30 часот, а потоа продолжува од 16:30 до 20:00 часот. Звучи чудно? За време на оваа попладневена пауза или сиеста како што се вика, луѓето одат дома на ручек и спијат.

Обединетото Кралство: Спијат голи

Според истражувањето спроведено од Националната фондација за спиење, една третина од испитаниците во Велика Британија спијат голи.

САД: Спиење со миленичиња

Иако постојат конфликтни теории за придобивките од спиење со домашни миленици, ова е начинот на кој Америка заспива. Анкетите покажуваат дека над 70% од сопствениците на миленичиња го делат својот кревет со своите крзнени пријатели.

Авганистан: Повеќенаменски спални

Концептот на одделни спални не постои во Авганистан. Собите во куќата служат повеќе намени. Кога ќе дојде време да легнат да спијат, луѓето расклопуваат душеци и постелнини и спијат на нив. Потоа во утринските часови, ги склопуваат назад и ги ставаат на страна.

Целото семејство во еден кревет

До 19-тиот век оваа традиција била вообичаена практика дури и во индустријализираниот запад. Денес се практикува во Азија, Африка и Латинска Америка и се смета дека е корисно според многу студии.

Време за спиење на децата во различни земји:

  • Помеѓу 18:30 и 19:00 часот: Холандија
  • Помеѓу 19 и 20 часот: Нов Зеланд, Австралија, Обединето Кралство
  • Помеѓу 20 и 21 часот: Индонезија, Канада, Филипини, САД, Тајланд, Кина
  • Помеѓу 21:00 и 22:00 часот: Јапонија, Виетнам, Сингапур, Малезија
  • Помеѓу 22 часот и 22:30 часот: Јужна Кореја, Тајван, Индија, Хонг Конг

Сподели на Facebook
пати видено