Ѕвездите сјаат светло и убаво од далеку. Но, штом ќе се приближите … Може да биде прилично неподносливо. Истото може да се каже и за некои од најпознатите креативни генијалци кои некогаш живееле на оваа планета.

Некои од нив биле навистина чудни, некои од нив биле доста симпатични, но некои од нив биле толку трагично бизарни што едноставно може да бидете благодарни што не сте соседи со луѓе како францускиот композитор Ерик Сати или големиот ренесансен уметник Микеланџело.

Стенли Кјубрик и неговата нежна страна

Легендарниот режисер бил голем обожавател на мачки. Во еден момент во животот чувал 16 мачки во својот дом, а ги пуштал и во неговата работна соба. И тоа не е сè. На крајот, колекцијата на животни се проширила откако купил 7 златни ретривери и 4 магариња.

Волфганг Амадеус Моцарт и неговата смисла за хумор

Моцард навистина ги сакал …. шегите за „прдење“. Дури и претерувал со нив. Тој напишал и дело за кое се потребни 6 гласови и кое се нарекува „Leck mich im Arsch“, што во превод значи „Лижи ме во задникот“.

Салвадор Дали и неговата сопруга

Откако се оженил со својата муза и љубов на својот живот, Гала ја третирал како божица. Тој ѝ купил замок и му било дозволено да ја посети својата сопруга, само со писмена покана.

Лав Толстој и неговите чевли

Иако доаѓал од највисоките општествени слоеви, Толстој на крајот почнал да го испитува моралот на општеството во кое живеел и почнал да го следи својот пат. Тој станал вегетаријанец, започнал поенергична дневна рутина и го осудил изгледот на еден богат човек. Почнал да носи селска облека и чевли, кои, и покрај тоа што не биле премногу добро направени, ги правел сам.

Ерик Сати и неговите ексцентричности

Јадел само бела храна, како што се јајца, шеќер, рендани коски, сол, кокос, ориз и слично. Секој ден се станувал во 7:18 часот и ручекот бил строго во 12:11. Потоа вечерата била во 19:16 часот, а легнувал да спие во 22:37 часот. Тој имал над 100 чадори. Ерик припаѓал на религија, која тој самиот си ја основал.

Микеланџело и неговата хигиена

Микеланџело спиел со својата облека и чизми, без да ги отстранува со денови. Избегнувал туширање и дури сметал дека е опасно по здравјето. Па, можеби имал право, бидејќи живеел 89 години.

Вирџинија Вулф, Фридрих Ниче и стоечкото биро

Иако овие две фигури изгледа дека немаат многу заеднички работи, британската модернистка Вирџинија Вулф, заедно со субверзивниот германски филозоф Фридрих Ниче, работеле стоејќи. И двајцата пишувале додека стоеле, сметајќи дека тоа е единствениот соодветен начин да се постигне нешто од значење.

Лудвиг ван Бетовен и 60 зрна кафе

Секое утро Бетовен пребројувал 60 зрна кафе, од кои го правел „совршеното кафе“. Исто така, со цел да ги рестартира неговите креативни мускули, откако пишувал многу си истурал ладна вода на главата.

Оноре де Балзак и неговите 50 шолји кафе

Се проценува дека Балзак пиел 50 чаши кафе на ден. Можеби се прашувате, како спиел, кога постојано бил на кофеин? Но, Балзак така сакал, секое утро се будел во 1 часот и почнувал со пишување.

Енди Ворхол и неговите перики

Енди имал необична навика да прави колекции од перики, тој имал над 40 перики во неговата колекција.

Сподели на Facebook
пати видено