Понекогаш е тешко да се утврди дали градителите размислувале логично кога кога ќе ги погледнеме објектите од минатото. Инаку зошто некои станови би имале отвор за ѓубре или зошто би имало дијагонални прозорци кои немаат никаква смисла на прв поглед?

Зад сите овие креации се крие посебна идеја, која што може да биде добра, лоша или пак забегана. Тоа оставаме вие да одлучите.

1. „Микробранова печка“ од почетокот на 20 век, Европа

Радијаторите со двојна употреба беа популарни во Европа на почетокот на 20 век. Овие радијатори им овозможија на луѓето да ја загреваат храната и да ги исушат чевлите.

2. „Фрижидер Хрушчов“, СССР

Куќите изградени во 60-тите години, кои Русите ги нарекуваат „Хрушчов куќи“ имаат сезонски фрижидер. Дебелите ѕидови на куќите им овозможиле на архитектите да дизајнираат специјална ниша, каде што жителите би можеле да ги чуваат расипливите и конзервираните производи во текот на зимската сезона.

3. Блокирани прозорци, Велика Британија

Во 17 век, Британците и Шкотите плаќале даноци за бројот на прозорците што ги имале во нивните куќи. Во тоа време, само богатите луѓе можеле да си дозволат повеќе прозорци од стакло. Доколку луѓето не сакале да плаќаат данок тие требале да ги изѕидаат прозорците со цигли.

4. Шахта, Висбаден (Германија)

Капакот на оваа шахта во Висбаден, Германија наликува на вселенскиот брод „Милениумски сокол“ од Војна на ѕвездите. Во реалноста, тоа е влезот во занданата на каналот Салбах. Првично,градбата служела како канал, но сега се користи за екскурзии.

5. Врати во салони, Западни САД

Првата причина е вентилација. Втората била да се заштитат погледите на побожните жители на западните градови од неприличната внатрешност во салонот. Во исто време, честите посетители можеле да ја видат светлината од далеку и да знаат дека барот е отворен. Третата причина била комерцијална, вратите биле наречени „крилја на лилјак“ и салоните биле препознатливи по тоа.

6. Цевка за ѓубре, поранешен СССР

Уредот за отстранување на отпадот првпат бил наменет за куќа во Владивосток уште во 1938 година. Најпрво, цевките се наоѓале во самите станови, но подоцна биле преместени да бидат на централно место на секој кат од станбениот блок за санитарни цели. Сепак, тоа и не помогнало. Денес, жителите на станбените згради бараат од организациите за управување да ги затворат цевките за ѓубре поради нехигиенските услови што ги создаваат.

7. Врвца за светло, Велика Британија

Тие се таму поради безбедносни причини, бидејќи влажноста и електричната енергија се опасна мешавина.

8. Врати за млеко, САД и Велика Британија

Купувањето на млеко не е прашање за нас во современиот свет – постојат бројни видови млечни производи во продавниците. Сепак, до средината на 20 век, млекарите го доставувале млекото до домовите. Затоа во многу куќи имало вакви врати за млеко.

9. Вештерски прозорци, Вермонт

Дијагонални прозорци се карактеристика на старите куќи на Вермонт. Но, зошто се викаат „вештерски“ прозорци? Една стара легенда вели дека поради непознати причини, вештерките не можат да влезат низ дијагонални прозорци на нивните летачки метли. Сепак, има и пореално објаснување – тешко е да се утврди каде да се постави нормален прозорец на таванот. Значи, тие морале да најдат решение со вртење на прозорците за 45 °.

10. Американски тоалет

Системот за одводнување во американските тоалети може да заплаши европска личност. Фактот дека тоалетот е исполнет со вода дава впечаток дека одводот е затнат. Сепак, ова не е точно. Високото ниво на вода ги штити ѕидовите на школката од валкање. Тоа им овозможува на Американците да не мораат да користат четки толку често.

Сподели на Facebook
пати видено