На секој може да му се случи да биде претресен на аеродром, само затоа што заборавиле да ги извадат ножичките од чантата или пак не прочитале кои предмети се дозволени за пренесување. Сепак, овие луѓе ги однеле недозволените предмети, на едно ново, бизарно ниво.
10. Остатоци од човечки череп
Во 2013 година службениците на аеродромот во Форт Лодердејд откриле фрагменти од човечки череп и заби во багажот на две жени. Жените кои биле како туристи во Куба ги купиле од жена која тврдела дека ќе им донесат среќа. Жените не биле обвинети, но остатоците им биле одземени за да се провери дали се дел од некоја истрага за убиство.
9. Мртво тело
Во 2010 година две жени биле приведени откако службениците се посомневале во нивниот роднина кој „спиел“. Жените велеле дека човекот не е мртов и сакале да се качат во авионот, иако претходно добиле потврда од болницата дека нивниот роднина починал.
8. Аквариум
На аеродромот во Лос Анџелес службениците се сомневале дека еден човек сака да внесе бомба во авионот, а потоа утврдиле дека имал цел аквариум во куферот со 240 риби.
7. Живо бебе
Пар од Египет сакал да прошверцува 5-месечно бебе во куферот затоа што детето немало виза. Парот бил уапсен затоа што го загрозиле животот на бебето.
6. Мртви змии
На аеродромот во Атланта човек бил приведен затоа што сакал да шверцува 30 мртви, смртоносни змии. За некое чудо дозволено е да се патува со мртви животни со одредена дозвола, но тука проблемот бил начинот на препарирање на животните.
5. Гулаби
Во 2016 година 50-годишен маж од Израел се враќал дома од Германија и на аеродромот му пронашле 6 гулаби во неговиот куфер. Секој гулаб бил вреден околу 200 долари.
4. Мал тигар
Во куферот на една жена на аеродромот во Бангкок било пронајдено „бебе“ тигар. Таа исто така до вистинскиот тигар ставила играчка и се надевала дека тигарот, кој претходно бил успиен, службениците ќе го сметаат исто така за играчка. Но, нејзиниот план не успеал и таа завршила во затвор.
3. Зоолошка градина?
Во 2009 година маж од Јужна Африка кој се враќал од Тајланд бил фатен со 70 живи животни. Тој сакал да пренесе змии, крокодили, желки, пајаци, шкорпии и жаби. Тој ги ставал животните во пластични цевки и тие подоцна биле однесени во зоолошката градина во Јужна Африка.
2. Топовско ѓуле
Еден патник кој требал да се качи на авион во Форт Лодердејл-Холивуд кренал паника затоа што сакал да пренесе топовско ѓуле. Тој го земал ѓулето од стар брод од 1700-тите кој бил потонат одреден период. Експертот кој го истражил ѓулето потврдил дека често се случува експлозивни направи кои биле подолго време под вода ненадајно да експлодираат.
1. Палка со бодликава жица
Во 2016 година една патничка била ставена во притвор затоа што службениците пронашле палка со бодликава жица на која имало крв во нејзиниот рачен багаж. Иако се кренала голема паника, подоцна заклучиле дека бодликавата жица е направена од гума, а крвта е лажна. Сепак жената не ја добила својата палка назад, затоа што таа била вистинска, а палките се сметаат за оружје и е забрането да се пренесат.











