Голем дел од луѓето не можат да си го замислат животот без нивниот домашен миленик. Некои домашни миленици прават неверојатни работи, така што ги спасуваат своите сопственици од многу ризични ситуации. Но, постои и темна страна од оваа приказна. Никој не сака да верува дека саканото домашно милениче може да предизвика трагедија, но оваа листа од 10 ситуации го покажува токму тоа.

10. Убиствен папагал

Во септември 1947 година, папагалот Доли на 66-годишната Фани Стјуарт, слетал на шпоретот во кујната и го вклучил цревото за гас. Соседите го почувствувале гасот и повикале полиција која ја пронашла Фани онесвестена на подот. Болничарите успеале да ја оживеат Фани која им кажала дека Доли повторно го вклучила гасот. Кога била однесена во болница Фани починала.

9. Бактериско каснување

Во 2016 година 68-годишен маж бил примен во болницата во Торонто. Тој чувствувал болки во абдоменот, одеднаш многу ослабнал и немал сила да работи ништо. Стравувајќи од сепса, лекарите му направиле ултразвук и откриле дека човекот имал аневризма во абдоминалниот дел од неговата аорта, која пукнала. Тие го средиле тој проблем, но човекот починал 13 дена подоцна. Кога требало да се утврди точната смрт лекарите заклучиле дека човекот починал од Pasteurella multocida, бактерија која често се наоѓа во устата на милениците. Неговата жена им потврдила дека нивната мачка го гризнала нејзиниот сопруг пред 4 недели. Човекот бил алкохоличар и поради тоа неговиот имунитет бил намален а ризикот од компликации од бактеријата се зголемил.

8. Брзи Хаски

На нејзините секојдневни прошетки на патеката Лос Аламитос Крик во 2011 година, жителка на Сан Хозе, Беверли Хед видела многу велосипедисти кои се возеле со нивните кучиња. Велосипедист со неговите две сибирски Хаски поминал покрај Беверли и една од каишките на кучињата се обвиткала околу нејзините нозе и таа паднала и удрила со главата на земјата. Велосипедистот останал со жената додека да пристигнат болничарите. Беверли била однесена на операција но починала. Тогаш локалната власт донела закон сите сопственици на кучиња ги шетаат на најмногу 1,8 метри оддалеченост од нив.

7. Муси и топлите извори

На 20 јули 1981 година, 24-годишниот Дејвид Ален Кирван пристигнал во Националниот парк Јелоустон со неговиот пријател Роналд Ратлиф и големото куче на Ратлиф, Муси. Тие сакале да ги видат топлите извори. Муси истрчал од камионот и влегол во базенот Celestine, жежок извор, со температура од 93 степени Целзиусови. Другите посетители се обиделе да го предупредат Дејвид да не влегува во базенот но тој одбил. Тој се нурнал со главата и кога не можел да го дофати Муси се обидел да се врати назад. Дејвид имал изгореници од трет степен по целото тело. Очите му биле целосно бели а кожата му се лупела. Починал наредниот ден.

6. Кучето ловец

Пери Алвин бил страствен ловец кој го сакал неговото куче, кафен Лабрадор по име Артур. На 5 јануари 2008 година, Артур и Пери заминале на лов заедно со пријателот на Пери, Даниел. Прајс застрелал гуска и ја оставил пушката во задниот дел од камионот и се подготвувал да го ослободи Артур за да ја донесе. Тогаш Даниел слушнал истрел од пушка. Кога погледнал зад камионот Пери бил застрелан во бутот. Неговата главна артерија била погодена и тој починал во болницата поради тоа што изгубил многу крв. По истрагата било заклучено дека Артур на некој начин случајно испукал со пушката.

5. Тркачки коњ

На роденденот на 15-годишната Руби Ибара Гарсија се случила трагедија. Тие имале традиционална трка со коњи, која донела трагедија. Тренерот на коњите Феликс Пена помислил дека сите коњи го поминале патот, но еден од нив останал и го удрил Феликс со голема брзина. Тој починал од повреди на вратот.

4. Кучето шофер

Во Флорида 68-годишниот Џејмс Кампбел се враќал дома со сопругата Ирис. Пред да влезат во дворот Џејмс излегол да ја отвори портата а Ирис влегла во дворот за да му дава инструкции на Џејмс како да го паркира возилото. во тој момент нивното куче, Боксер, влегло од страната на возачот и го притиснало педалот за гас, а Џејмс завршил под автомобилот и починал на лице место.

3. Смртоносен елен

Многу луѓе сакаат егзотични животни и таков бил случајот со Џералд Раштон од Тексас. Тој чувал црвен елен, уште кога еленот бил мал. Тој сакал да го припитоми, но кога почнала сезоната на парење и хормоните кај еленот почнале да работат тој санал многу агресивен и со роговите го закачил за оградата и продолжил да го измачува. Неговата внука го забележала и повикала полиција која морала да го убие еленот за да го тргне од мртвото тело на Џералд.

2. Ѓаволска змија

25-годишната Аманда Блек работела во продавница за миленици во одделот за рептили. Но аманда самата поседувала неколку рептили вклучувајќи и питон долг 4 метри по име Диабло(Ѓавол). Кога нејзиниот сопруг се вратил дома од морнарицата на 21 октомври 2008 година ја пронашол неговата жена мртва, а на таблата за дневни обврски пишувало „дај му ги лековите на Дијабло“. Истрагата покажала дека починала од задушување преку компресија на вратот, а за тоа бил виновен Дијабло.

1. Несмасна Лама

Флоренс Ленахан била 74-годишна жена која го посветила нејзиниот живот на грижа за животните. Таа на нејзиниот имот чувала коњи, лами, крави, мачки, кучиња и сл. и се грижела за нивното здравје. Флоренс имала едно омилено животно. Лама по име Бејби Дол, која што ја чувала уште од мала. Еден ден Бејби Дол се затрчала да ја поздрави Флоренс но се лизнала од мократа трева и влетала директно во Флоренс, која паднала на бетонот. Флоренс починала од ударот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено