Фобијата е екстремен или ирационален страв или аверзија кон нешто. Луѓето имаат тенденција кон фобии. Одредени фобии се сметаат за „нормални“, pyrophobia (страв од оган) или thalassophobia (страв од морето). Но, некои фобии се толку бизарни што луѓето не можат да поверуваат дека постојат луѓе кои навистина страдаат и имаат вакви стравови.

10. Хапхефобија

Хапхефобија е страв од допир. Овие луѓе чувствуваат и болка кога некој ќе ги допре. Понекогаш тие чувствуваат страв од допирот на одреден пол, а понекогаш тоа се однесува за сите луѓе.

9. Ергофобија

Ергофобија е страв од работа. Луѓето кои патат од оваа фобија чувствуваат огромен страв и стрес на работното место без разлика каква е нивната работна околина.

8. Неофобија

Неофобијата е страв од нешто ново, без разлика дали станува збор за ситуации, места или работи. Неофобичните луѓе обично имаат проблеми да испробаат нови направи, храна, навики или распореди.

7. Филофобија

Филофобијата е страв од љубовта и вљубувањето. Таа е тесно поврзана со претходно трауматично искуство кое вклучува љубов и односи. Ако некое лице имало неуспех во однос на минатото, како што е разводот, може да дојде до Филофобија.

6. Аблутофобија

Аблутофобијата е страв од капење, миење и чистење. Тоа е фобија која е почеста кај жените и децата отколку кај мажите. Фобијата се манифестира на различни начини, од страв од туширање до целосна фобија од било каков вид на чистење.

5. Номофобија

Номофобијата е страв да се биде без мобилен телефон. Една од причините е зависноста од технологијата. Освен тоа, луѓето кои имале негативни искуства кога останале без мобилен телефон, исто така, можат да развијат Номофобија.

4. Десидофобија

Десидофобијата е страв од донесување одлуки. Луѓето кои страдаат од оваа фобија обично се мачат кога мора да направат избор. Причината за Десидофобија обично е лошо искуство со донесување одлуки во детството или во било која друга точка во животот. Најчесто за овие луѓе одлучуваат други.

3. Хелиофобија

Хелиофобијата е претеран или ирационален страв од сончева светлина. Една од најверојатните причини е погрешно толкувана информација. На пример, лице кое верува дека изложеност на сончева светлина ќе предизвика рак на кожата може да стане хелиофобично. Освен тоа, лицето кое претходно страдало од изгореници може исто така да развие Хелиофобија.

2. Генофобија

Генофобијата е ирационален психолошки страв од сексуален однос. Геннофобичните луѓе можат да бидат преплашени од сексот или нешто што вклучува секс. Генофобијата може да се развие поради непријатно сексуално искуство, како што е силување или малтретирање.

1. Глософобија

Глософобијата е страв од јавно говорење. Глософобичното лице не е во состојба да ја контролира огромната нервоза која ќе резултира секогаш кога ќе се бара од него да зборува јавно. Таквите луѓе може да страдаат од нервен слом кога се соочуваат со јавно говорење.

Сподели на Facebook
пати видено