Сите ние понекогаш размислуваме да побегнеме некаде далеку во некое село за да најдеме мир и спокој од бучниот живот во градовите. Секое од овие мали места се разликува по својата убавина и природни богатства. Но, она што сите го имаат заедничко е чист воздух, мала густина на населеност и пријатна атмосфера. Ова се 12 прекрасни и исклучителни села кои едноставно ќе ве остават без зборови. Да не заборавиме дека и Македонија е богата со вакви прекрасни места и тука ќе споменеме едно од нив.

10. Халштат, Австрија

Тука, на падините на една планина, ќе најдете убави куќи опкружени со азурно езеро кое е дом на блескави лебеди кои пловат по рефлексијата на Алпите. Населението не надминува 1.000 луѓе и неговата локација е уникатна затоа што се наоѓа а тесен појас на земјиште меѓу прекрасните планини и езерото Халштат.

9. Пловечки Острови на езерото Титикака, Боливија, Перу

На границата на Перу и Боливија на езерото Титикака живее племе наречено Уру кое живее на 42 пловечки острови лоцирани на езерото. Овие острови се изградени од трска од самите Уру. Истиот материјал се користи за да се направат чамци кои се користат за риболов. И покрај тоа што е далеку од цивилизацијата, може да се видат соларни панели на овие острови што им овозможуваат на локалните луѓе да гледаат телевизија.

8. Алберобело, Италија

Алберобело е познат по својот комплекс кој се состои од 1400 trullo згради признаени од УНЕСКО како дел од историското и хуманитарното наследство. Trullos се станбени фарми направени од варовник и претставуваат единствен пример за градби со ѕидови со сува ѕидарија. Самото име доаѓа од латинскиот збор trulla што значи купола.

7. Монсанто, Португалија

Мала населба, Монсанто е наречена „Нај португалското село во Португалија“. Локалната поговорка: „Во Монсанто не знаете дали каменот се раѓа од куќата или куќата од каменот“, се донесува за уникатноста на архитектурата. Камења служат како ѕидови и покриви на некои куќи.

6. Учисар, Турција

Во оваа област има многу села, но Учисар останува еден од најпознатите населени места. Најголемиот дел од населението живее во село кое изгледа прилично модерно и се наоѓа веднаш до ова познато чудо на природата. Сепак, некои луѓе се уште преферираат да живеат во тие познати карпи.

5. Лонгџи Оризови Тераси, Кина

Терасите се наоѓаат во селото Пинг Ан, а зад нив стои многу години работа. Тие постоеле уште од 12 век и биле изградени на падините на планините кои се високи 1.100 метри. Изградбата траела многу време и бил потребен многу напор, но селаните што живееле во тоа време немале избор бидејќи морале да ги хранат своите семејства, а изградбата на куќи на планините била единствената можност за преживување.

4. Гиетхорн, холандската Венеција, Холандија

Едно од најневеројатните и живописни села во Холандија се нарекува Гиетхорн или Холандската Венеција. Второто име доаѓа од неговата локација – селото стои на водени канали, чија вкупна должина надминува 7 километри. Селото постои речиси 100 години. Локалните луѓе најчесто користат кајчиња и чамци со електрични мотори за движење наоколу на вода и велосипеди кога сакаат да ги користат дрвените мостови кои ги поврзуваат куќите расфрлани на повеќе од 50 мали острови.

3. Сан Џиминџано, Тоскана, Италија

Сан Гиминџано бил основан во 3 век п.н.е. од страна на Етрурците. Првично, бил многу мало село, но станал град во 10 век од н.е. Исклучителната карактеристика на овој град се неговите кула куќи. За жал, денес има само 14 вакви куќи. На почетокот имало 72.

2. Рибарското село, Калининград, Русија

Рибарското село во Калининград не е село во вистинската смисла на зборот колку што е блок составен од згради во германски стил. Тоа е етнографски, трговски и занаетчиски центар и бисер на градот. Територијално, рибарското село се наоѓа веднаш до историското срце на Калининград – катедралата на островот Кант.

1. Маврово и Мавровско езеро, Македонија

Фото: Petrovskyz

Убавините на Нациналниот парк Маврово и Мавровското езеро скоро да не можат да се опишат со зборови. Со површина од 73.088 хектари Националниот парк Маврово е најголем од досега прогласените национални паркови во Македонија. Освен природните убавини на паркот распослани се голем број на културно – историски споменици, од кои најзначаен е манастирот Св. Јован Бигорски, познат по неговиот иконостас. Маврово е познато по еден од најубавите ски-центри во Македонија. Освен што можете да го наполните телото со чист воздух и душата со мир и спокој, тука можете да уживате и во традиционалните јадења кои се приготвуваат во хотелите и бачилата направени во планински стил.

Сподели на Facebook
пати видено