Бебето Ноа Валаско е родено „en-caul“, што значи дека амнионската кесичка која го заштитува во матката на неговата мајка не успеала да пукне за време на породувањето.

Овој вид на „влез“ во светот е исклучително редок и приближно се раѓа само 1 бебе на овој начин во 100.000. Во многу култури ваквиот вид на раѓање се смета за знак за среќа.

Неверојатните фотографии ги направила фотографката Јана Бразил, во болницата „Праја да Коста“ во градот Вила Вела, Бразил. Јана работи како фотограф на породувања веќе три години и иако направила стотици фотографии од новороденчиња, вели дека ова ѝ е прво искуство од ваков вид.

Бебето Ноа го родила 34-годишната Монјук Валаско која многу емоционално изреагирала кога дознала дека нејзиниот син се родил на овој начин.

Лекарите морале да ја отстранат амнионската кеса рачно ослободувајќи го младиот Ноа од неговиот меур. Иако е прилично ретко ваквиот вид на раѓање не претставува опасност за бебето, ниту пак за мајката. Ноа во моментот е сè уште во болница, бидејќи тој – разбирливо – е „уморен“ по неговото извонредно раѓање и ќе се упати кон својот нов дом од наредната недела.

Сподели на Facebook
пати видено