Според една легенда, Бог се јавува пред секој од нас во различни форми – понекогаш како просјак на улицата, понекогаш како рането животно крај патот, понекогаш како непознат кој седи до нас во паркот. И понекогаш нашата реакција во една таква ситуација може да направи пресврт во нашиот живот, да ни ги оствари мечтите. Но, сѐ зависи од тоа како ќе постапиме во тој момент.