Недела наутро е. Се будам и нешто ми е чудно, нешто ми е неприродно. Погледнувам во часовникот – 10:30. Не е можно! Во недела никогаш не сум спиел до толку доцна. Не слушам никој сосед да поправа нешто, нема чукање, дупчење, сечење, заварување, ништо!