Смешни новогодишни киксови и паѓања

Загревање за најлудата ноќ :).

Мајстор за отворање шишиња вино со плутана тапа без отворач

Животот е полесен кога знаеш кунг-фу :).

Девојчето е презадоволно од божиќниот подарок и се радува на свој начин

Подарокот е долго посакуваниот iPhone, телефонот кој го буди животното во тебе :).

Обид за групно самоубиство во кинеското метро

Секакви секти има на денешницата. Глас од позадина на кинески јазик вели „Викнете обезбедување, пијат лекови!“ Според еден кинески веб сајт, луѓево биле измамени од финансиска институција и изгубиле многу пари. Се договориле заедно да испијат пестициди во метрото за да го привлечат вниманието на јавноста. Сите биле хоспитализирани и преживеале.

Тркачка видео игра во Јапонија со вистински автомобили

Јапонците повторно се еден чекор понапред од остатокот на светот. Наредно е уште прозорците на автомобилот да ги направат екрани и играчот сосема да влезе во Виртуелната Реалност.

Смешни слики #1066

Смешки + забегани работи + малку еротика = МОТИКА НЕСЕКОЈДНЕВНИ СИТУАЦИИ. На Ваше барање 1066-ти дел.

Рибарот конечно ја извлече огромната риба после 1,5 час борба, НО…

Војната уште не е завршена.

Како мрзлив човек си го шета кучето?

Како газда :).

Борба за паркинг место во Русија

На паркинзите каде што е голема гужва, често луѓе чекаат некој да излезе и застануваат да го држат местото додека да дојде автомобилот. Што мислите, кој беше во право во оваа ситуација?

Колку силно каса пираната?

Фати си една и не ти требаат ножици за кроење лозје :).

Би возеле ли ваква стара Лада?

Иако старите Лади немаат кабриолет верзија, сепак некој добар мајстор одлично ја средил оваа.

На прв поглед јасна, но погледнете поубаво и проценете кој има предност на сообраќајната ситуација

Проблемот е во тоа што едното од возилата има зелена стрелка, а другото нема.

Како се воспитуваат децата во кинеските градинки?

Предупредување: Видеото може да ве вознемири, особено ако сте родител. Откако видеото се појави на интернет, воспитувачката беше отпуштена од работа, а случајот е во рацете на кинеското обвинителство.

Претседателот на Боливија Ево Моралес, случајно пушти порно на глас на седница

Типот е цар! Сигурно ќе добие и втор мандат после ова :).

Добра зафрканција на другарот со чајникот

„Другар, водата ти врие!“

Прекрасното Божиќно изненадување за патниците на аеродромот во Амстердам

Повеќето луѓе го минуваат Божиќ заедно со семејството, но што е со оние луѓе кои мораат да го преседат на аеродром? Холандската авиокомпанија KLM им приреди пријатно изненадување за време на католичкиот Божиќ.

Како реагираат луѓето кога дечко и девојка ќе се запознаат во лифт и веднаш почнуваат страсно да се бакнуваат

Ситуацијата е местена, но реакциите на луѓето не се.

Многу стрмна нагорнина и инаетлива жена зад воланот

Не знам кој ја учел да вози, но нема да тера долго вака :).

Плавуши прават „Кукла предизвик“ во воз

Резултатот: Кикс на денот!

Жестоко: Камион поминува на црвено светло на булевар

За среќа детето остана живо. Гледајте и учете од грешките на другите!

Ноктот што си го чукнал му помодрел, па го пробуши со игла

Предупредување: Видеото содржи експлицитни сцени. Инаку ова ја намалува болката и спречува ноктот да падне, но мора да се прави стерилно, со загреана игла и потоа да се исчисти со алкохол.

Како да свирите пијано, без да знаете да свирите пијано

Дечково ќе ви покаже добра финта како да ги убедите понеупатените дека навистина знаете да свирите.

Типот постојано се рестартира на луда железница

Задолжително гледајте го видеото со звук!

11 годишниот син заштедил пари од роденденот за да му купи божиќен подарок на својот татко

Синот за роденденот не сакал подароци, туку побарал да му даваат пари. Малиот е паметен и знае каков подарок да одбере за двајцата со тато да не станат од пред телевизорот :).

2-годишно дете скија како професионалец

Лесно му е кога знае дека и да падне нема да го боли заради пелената :).

Што ќе се случи ако запалите 10.000 новогодишни прскалици наеднаш?

Не правете го ова дома :).

NBA играчот најде финта како да дава кошови од слободни фрлања

Колку сакаат нека му се смеат колегите, тој претходно постојано промашувал а сега си дава кошови :).

Тесла автомобил предвидува несреќа и го предупредува возачот неколку секунди порано

Скенирајќи ги автомобилите напред, детектира дека еден од нив закочи нагло, што е голема опасност, особено при поголеми брзини.

Ова мало девојче секоја година му приредува на Дедо Мраз срдечен пречек во домот

Мал знак на внимание, како благодарност за сите прекрасни подароци што ѝ ги носи секоја година. Со тек на времето и другите мали членови на семејството стануваат дел од оваа традиција.

Најзабеганите јапонски реклами за 2016

Следните 13 минути уживајте во необичниот јапонски хумор, кој е најважен дел на секоја јапонска реклама.

+