Дадилка на годината со молскавично брза реакција го „спасува“ детето

Не само што го „спаси“, воедно и го воспита. Среќа што снимката се појави на интернет, па ќе дојде и до таткото на детето.

Ласерите прават чуда

Ласерите секојдневно наоѓаат сѐ поголема примена во индустријата, а кога го гледаш начинот на кој работат, делуваат нереално и неверојатно.

Како генијалците од ширум светот си го чистат снегот од пред куќите?

Од фрлач на пламен до количка за купување и Ламборџини. Уживајте во интересниот избор генијални изуми за чистење снег.

Нездрав азиски начин на играње карти

Нема да сакате да изгубите ниту една рака при ваква казна.

Пијаниот британски фудбалски навивач доби 10 години затвор за ова туркање во лондонското метро

Навивачот го нападнал дечкото само затоа што мислел дека е Русин, а тој всушност бил Полјак (што во случајот воопшто не е битно).

Некој бил осамен викендов… Чудни работи се случуваат во понеделник наутро

А богами и чудни дроги има на планетава.

Муштеријата ги фати на дело вработените во пицеријата

Главниот готвач изгледа е мераклија на пици доцна во ноќта, но заборавил да ја заклучи вратата :).

Џони е најупорното македонско куче! Ајде Џони, фати ја топката!

Физиката слабо му оди, но барем се обиде :).

Договорена групна тепачка во шума на холандски навивачи: ЖЕСТОКО!

Навивачите на фудбалскиот клуб Фејенорд се облечени во црно, а нивни противници се навивачите на клубот АЗ Алкмар.

Вистинско женско пријателство (виц)

Плови желката, а на грбот носи змија.
– Ако ја фрлам, ќе ме касне! – Си мисли желката.

Кунг-фу мајсторот знае дека најважно е да ги навежбате виталните делови од телото

Ако немаш слаби точки никој нема да може да те победи :).

Сечење месо како шеф

Доколку видеото го гледате гладни, може да предизвика реакција на губење желба за работа и итна потреба од некое сочно месо!

Тинејџерка прави финта со седиштата додека чека на аеродром

Се направи како лист хартија… Јас ова не би можел да го направам ни за милион долари! Инаку девојката се вика Шемика Чарлс и го држи светскиот рекорд во поминување под ниски пречки. Видеото е снимено на аеродром во Филаделфија.

Таткото и ќерката против изнервираниот возач

Нема информации која е причината за уличната расправија, но разврската е прилично жестока и интересна за гледање.

Што е ова? Каков е овој ѕвер?

Гледајте го внимателно што прави!

Можете да го извадите Џастин Бибер од Канада, но не можете да ја извадите Канада од Џастин Бибер

Ова едноставно им е во крвта на Канаѓаните.

Млад Британец реши да го помине Иран со мотор за самиот да се увери каков е животот и какви се луѓето

Секој кој не бил во Иран вели дека е лошо, а секој кој бил вели дека е добро, затоа дечково реши да отиде со моторот и сам да види каков е животот и какви се луѓето во Иран. Погледнете какви се луѓето таму и каков им е односот со странците, па повелете на дискусија за […]

Жената го фати мажот како гледа порно со очилата за Виртуелна Реалност

Доцна во ноќта е, жената ќе легнува, но решава да го провери мажот, мислејќи дека ќе го фати како игра некоја глупава видео игра. Но, тој си нашол поинтересна занимација :).

Ова е најинтелигентниот крадец на скапи мобилни телефони до сега! Краде со помош на евтин кинески телефон!?

Оперира во продавници за мобилни телефони, каде најнормално си гледа и тестира некој скап мобилен телефон, а во ракавот има адут – евтина кинеска копија на истиот тој телефон.

Како сам да си направиш соларен полнач за мобилен телефон кој навистина ќе работи?

Русинов ќе ви објасни како да си го направите (на руски е, но се разбира). После гледањето на видеото е вистинско време да си набавите мини соларни панели од Кина, затоа што таман додека да стигнат надвор ќе огрее сонце :).

Реакциите на луѓето кога обичниот минувач наеднаш си седна на невидливо столче

Е ова е добар магионичар. Знае ли некој како го прави трикот?

Со кого сакаш да живееш? (виц)

– Сакаш ли да живееш со мајка ти?
– Не, таа ме тепа.
– А со татко ти?

Кочанскиот мафијаш и енциклопедијата (виц)

Синот на еден кочански мафијаш му вели:
– Тато, сакам да ми купиш енциклопедија.

Како се снајде жената-возач заглавена меѓу четири столпчиња?

Еден паркиран автомобил ѝ го блокирал излезот, а столпчињата се поставени за да се спречат автомобилите да одат по тротоарот.

Како мојот комшија си го санка детето?

Само да не му текне да закочи…

Уметничко лизгање на врвот на светот

Канадската професионална натпреварувачка во уметничко лизгање ја однесоа на врвот на планината на едно мало, кристално чисто, замрзнато езерце.

Смешни слики #1094

Смешки + забегани работи + малку еротика = МОТИКА НЕСЕКОЈДНЕВНИ СИТУАЦИИ. На Ваше барање 1094-ти дел.

Еден стар Јапонец 10 години се мачел да реши древна загатка со прстен, па побара помош од експерти

Целта на загатката е прстенот од зеленото топче да се премести кај портокаловото. Заедно со ТВ водителот отидоа прво кај професор на факултет, па кај магионичар, за на крај да побараат помош од човек кој цел живот решавал загатки. Доколку не ви се гледа целото шоу, скокнете на 10-та минута.

Загатка: Кој од луѓето ќе загине?

Ајде логичари, вклучете ги мозоците и одговорете кој ќе загине а кој ќе преживее во ситуацијата.

Како возот се справува со гранките и дрвата на шините после снежно невреме

Интересно е да се види ова од кабината на машиновозачот кој според реакциите е навикнат на вакви работи.

+