Во еден бутик влегува жена на возраст од околу 30, убава, горда, модерна… По неа се влече ситен 50 годишен маж со златен часовник на раката. Брачните прстени им се исти – значи сопружници. Жената си го избира најскапиот кожен капут, го облекува и почнува да воздивнува од восхит. Мажот брзо го купува капутот со цена од 3.000 евра. Жената се заблагодарува и си одат.