Што прави инженер кога ќе му се припие Кока Кола?

Среќа што имаше картон, шприцови и лепило, па се снајде. Генијална работа!

Улава баба изведува „валкан танц“

Сомнителни цигари пуши старава :).

„Борис, дај ми го лебот!“

А Борис изгледа го фати инает :).

Како градежните работници фаќаат крадец, кој се обиде да им ја украде бормашината?

Гледајте до крај!

Средношколец спасува другар од давење

Вакиви работи мора посериозно да се учат на училиште, со многу практични вежби. Можеби некому ситуацијата му изгледаше не толку опасна, како на дечкото долу лево кој не престана да јаде, но доколку не се реагира веднаш, може да се случи најлошото.

Примитивниот градител си направи печка за керамика

Човекот направи успешен интернет серијал за опстанување во дивина, но сам со голи раце, без огромна екипа позади себе. Ова е најновата епизода.

Смешни слики #1140

Смешки + забегани работи + малку еротика = МОТИКА НЕСЕКОЈДНЕВНИ СИТУАЦИИ. На Ваше барање 1140-ти дел.

Неверојатното бегство на огромниот октопод од рибарскиот брод

Коментарот на еден од рибарите во присуство на неговата жена: „Нема шанси да го собере во тој процеп. Тоа е како кога жена ми го облекуваше невестинскиот фустан.“

Кога ќе се вратиш од работа капнат, а нејзе ѝ е досадно

Цел ден те чекала а ти одвај си се довлечкал до креветот…

Свадбарите го спасија таткото на едно девојче кој паднал во студената река

Кутрото девојче се обидуваше некако да му помогне, но не можеше многу да направи. За среќа свадбарите го забележаа несреќникот и дотрчаа на помош. Настанот се случи во рускиот град Лабинск.

Одењето на стоматолог нема смисла кога другар ти е водоводџија

Освен тоа, со парите што ќе ги заштедиш може да се почестите со другарите :).

Како гладно бебе се симнува по скали?

Малиов ќе се снајде во животот! Денот по утрото се познава.

Шизикот им упадна на разиграните другарки

Фацата кога го осети = БЕСЦЕНЕТО :).

Ученикот можеби изгледа како бубалица, но не му се дава на професорот :)

Од каде таква сила во слабото дете со очилата?

Смешна прослава на добар удар во куглање

Девојката два пати едно по друго погоди во целта :).

Како руската полиција, а како американската се справува со несовесните возачи?

Нашата е многу поблиска до руската отколку до американската (за среќа).

Ова е вистинска љубов: Сопругата му ги депилира влакната во носот на сопругот

Го пукна од зафркавање, се разбира :).

Дечкото и таткото на девојката, кој е полицаец, заедно ја шпионираат како флертува со црнец

Полицаецот му даде на разочараниот дечко еден неочекуван совети :).

Реакцијата на тетка Кели, кога дозна дека нејзината сестра третиот пат ќе роди машко бебе

После 2 девојчиња, тетката потајно се надевала дека третото ќе биде машко, но ни на крај памет не ѝ паѓало дека ќе ја изненадат со машки близнаци.

Експлозија на воен склад со муниција во Украина: Ракети летаат над градот!

Складот за муниција во градот Балаклеја вчера ненадејно експлодира, а ракети летаа и до 3 километри од местото на настанот. Видеото од настанот е во продолжение.

Кукавичката одмазда на моторџијата кон жената што му влезе во лентата

Ја сними со камерата, ѝ се изнавика, ја навреди и сега жената ќе плати и казна, а можеби е само почетник.

Кош без коски, другар без телефон :)

Македонија има талент!

Одржување на патиштата кога изборите се далеку

И да ја асфалтира дупката сега, до избори асфалтот ќе се заборави :). Познато ви е ова?

Смешни свадбени фотографии (47 фото)

Или како не треба да се прават свадбени фотографии 🙂

Се паркирав како идиот (34 фото)

Збирка „талентирани“ шофери за кои не важат сообраќајните правила и прописи.

Смешни слики #1139

Смешки + забегани работи + малку еротика = МОТИКА НЕСЕКОЈДНЕВНИ СИТУАЦИИ. На Ваше барање 1139-ти дел.

Што треба да направите ако плинската боца почне да ви гори?

Индиски полицаец им покажува на луѓето како да изреагираат во несакана ситуација во која може да им изгори домот.

Кога синот на милионер ќе задоцни за училиште

Видеото е од пристигнувањето во училиштето на синот на украинскиот милионер Андреј Палчевскиј, кој е поранешен министер за спорт.

Кинескиот турист сака да направи некоја повозбудлива фотографија

Човекот си е авантурист во душа и не може да седи мирен :).

Крвта и замрзнала кога видела два огромни црни волци како трчаат покрај нејзиниот автомобил на канадски автопат

Канаѓанката Ронда Милер возејќи по автопатот во северозападните територии на Канада, забележала едно од животните. На почетокот мислела дека е некој човек, иако одењето пешки на автопат е забрането. Но, кога им се доближила, крвта и замрзнала во вените, раскажува Ронда. Неколку минути таа ја снимала трката со двата големи и брзи ѕвера.

+