39-годишната Маријам Набатанци од Уганда ги родила првите деца близнаци, 1 година откако била омажена на возраст од 12 години за 40-годишен маж. Потоа родила уште 5 пара близнаци, 4 тројки и 5 четворки, сите од еден татко. Вкупно, најплодната жена во светот родила 44 деца, но 38 преживеале. Пред три години, сопругот го напуштил семејството, оставајќи ја Маријам сама со децата.