Стојам на аеродромот, го чекам мажот ми, се враќа од печалба од Италија. Авионот многу доцни и од досада почнувам да шетам наоколу.
Еден човек ме запира и замолува малку да му ги причувам куферите додека тој оди до тоалетот. Се согласувам не сосема доброволно, но нели луѓе сме, треба да си помагаме, а и така нема што да правам. Стојам и чекам, минуваат 15 минути и почнува да ми здосадува.
Одам кај еден од граничната полиција и му ја објаснувам ситуацијата. Граничарите ме повикуваат во една соба, ми земаат име, лични податоци… Стигнуваме до содржината на куферите, ги отвораме и… што ќе видам… внатре полни со пари. Почнувам да се нервирам во себе: „Како може да сум таква будала, тивко да си излезев, да земев такси за 20 евра ќе ме однесеше до дома со се куферите…“
Граничните полицијци само се погледнаа и почнаа да ги полнат џебовите со пари, а мене ми потекоа лиги…
– Што стоиш! Земај и ти!
Почнувам и јас да прибирам големо количество пари, земам-полнам земам-полнам, ги преполнувам џебовите и уште туркам внатре…
Се будам – целото ќебе сум си го напикала во гаќите…

Сподели на Facebook
пати видено