Бидејќи работата на нејзиниот татко барала да се селат од едно во друго место Јулија „Батерфлај“ Хил била во можност своето детство да го помине на различни места. Но, ниту едно од тие места не било толку возбудливо како нејзиниот престор од две години на дрво старо 1.500 години.

Во 1997 година Јулија заминала во Калифорнија за да закрепне од сообраќајна несреќа во која за малку ќе го изгубела животот. Таа таму присуствувала на „реге“ собирање на донации за заштита и зачувување на дрвјата.

Група за животна средина честопати патролирала во округот Хумболт, со цел да ги заштити дрвјата од дрвосечачи кои сечеле во таа област. Тогаш организаторите побарале доброволец кој ќе остане на една голема секвоја една недела и Јулија се пријавила. На изненадување на сите, таа не помина една недела, туку цели две години на дрвото.

Пред овој настан Јулија не била дел од било каква група за заштита на животна средина, но таа одлучила самата да го преземе овој мал сладок чин на граѓанска непослушност. На 10-ти декември 1997 година, Јулија се качила на дрво од 55 метри. Дрвото било наречено Луна и остана како дом на Јулија до 18-ти декември 1999 година.

Многу брзо, Јулија била поддржана од некои еколошки групи, како и поединци кои ја поддржале целта за заштита на античките дрвја. Биле потребни 90 минути за да се искачи на дрвото. За зачудувачки 738 дена, Хил живела на 1.8 со 1.8 метри платформи. За време на престојот на дрвото, Јулија преживеала речиси сè: од сили на природата до закани од лути дрвосечачи. Таа ги преживеала замрзнувачките дождови и ветришта, сурови и до 64 километри на час, а згора на тоа, имало и вознемирување од хеликоптер и десетдневна опсада од страна на безбедносните служби на компанијата.

Јулија практично станала дописник „од дрво“ за кабелска телевизиска емисија и поттикнувала понатамошен отпор и протести за сечење на старите дрвја. Со користење на соларен мобилен телефон, таа, исто така, обезбедила и некои радио интервјуа. Таа добивала резерви за преживување со јажиња од страна на екипата за поддршка и за време на студените ноќи се загревала, така што се завиткувала во вреќа за спиење, имајќи само мал отвор за дишење.

Во 1999 година конечно било донесено решение помеѓу компанијата за сечење на дрвја и организациите за заштита на животната средина. Луна и околните дрвја нема да бидат исечени. Тој Јулија се согласила да слезе од дрвото. Речиси една година откако Јулија го напуштила дрвото вандали се обиделе да го исечат. Сепак, раната на дрвото била третирана со хербални лекови, а стеблото се стабилизирало со челични кабли. Луна повторно била спасена, овој пат од ужасен напад направен од вандали.

Во 2000 година, Јулија објавила и книга „Наследството на Луна“. Напишана како дневник, во книгата се опишуваат двете години поминати на старото дрво.

Сподели на Facebook
пати видено