Еребус е најубавиот активен вулкан на Земјата и втор по височина на Антарктикот. Се наоѓа на крајот на светот, и сосема е возможно да претставува портал кон некој друг свет. Се разбира, не буквално. Планината е висока 3794 метри и се наоѓа на полуостровот Роса. Температурата на воздухот паѓа значително под 0 степени и останува таква во текот на поголемиот дел од годината, но тоа не пречи научниците често да го посетуваат. Без разлика на големиот студ наоколу, Еребус е огнен. Во него има откриено езеро со лава. НАСА реши да испрати истражувачки апарати за да ги открие неоткриените нови светови во вулканот.

Како што раскажува Арон Куртис од НАСА, во текот на неколку седмици тој ги тестирал апаратите во непосредна близина на вулканот. Овие истражувања во иднина ќе помогнат да се стекнат нови сознанија за тоа како функционираат другите ледени светови, т.е. за условите на други планети како сега за сега недостижната Европа, месечината на Јупитер.

Имено, Еребус претставува одличен полигон за тестирање на технологии за освојување на далечните планети. Во старогрчката митологија Еребус е божество кое ја олицетворува бескрајната темнина и Вулканот не случајно го носи ова име.

Сподели на Facebook
пати видено