Јужна Кореја сака да создаде „ултра-брз“ воз со надеж дека тој ќе може да превезува патници со брзина блиска до брзината на звукот. Претставници на власта во Сеул се надеваат дека возот ќе може да достигне брзина до 1000 километри на час – драстично намалувајќи го времетраењето на патување низ земјата. Возот ќе оперира низ тунели под низок воздушен притисок и ако развојот се покаже како успешен, ќе може да патува со брзина двојна од брзината на возовите кои се движат на принципот на магнетска левитација, а кои сега за сега се најбрзите возови во светот.

vz

„Многу земји како САД, Канада и Кина се натпреваруваат кој ќе го преземе водството во футуристичката технологија, а и ние исто така ќе се обидеме да ги претекнеме нашите глобални ривали. Владата се фокусираше на интердисциплинарно истражување и ова ќе биде најголемиот напор во нашата работа за развој на претставителна футуристичка технологија“, се вели во соопштението.

vz01

Сподели на Facebook
пати видено