Овој воен ветеран си купил Ролекс ГМТ Мастер, пред 55 години во Германија кога бил на службена должност таму, по препорака на неговиот наредник. Пред да му го претстави наредникот како „најдобриот часовник во светот“, човекот не слушнал за Ролекс часовниците. Тој повеќе не го носи и го однел на аукција за продажба,а притоа ги сочувал сите детали поврзани со него. Но не очекувал дека вредноста на часовникот, кој бил купен за 100 долари би можела да достигне толкава сума.

Питер Плејнс, проценувач му открива дека овој Ролекс ГМТ Мастер е многу посебен поради тоа што е првиот ГМТ Мастер модел кој бил направен од Ролекс. Тој тоа го заклучил по бројот на моделот 6542, кој се наоѓа на оригиналната кутија во која е купен часовникот како и документ за часовникот.

Питер е изненаден што ветеранот ги сочувал сите документи, кутијата, па дури и старото ременче кое го заменил со ново во текот на годините. Во 1960 тој купил два ролекс часовници но другиот не бил посебен како овој. Човекот тогаш часовникот ГМТ Мастер го купил за 120 долари, а за вториот кој бил подарок за неговиот татко потрошил 104 долари. Во 1960 година ова било прилично голема сума на пари, бидејќи самиот ветеран вели дека неговата месечна плата изнесувала само 100 долари.

Како дел од сочуваните документи бил и серификат за проверка на хронометри, кој гарантирал дека часовникот бил носен во Женева за да биде проверена неговата точност. Само часовникот без додатоците денес вреди околу 35.000 до 45.000 долари, а заедно со сите додатоци неговата вредност може да достигне од 65.000 до 75.000 долари. Старецот останува шокиран и останува без зборови, но секако е пресреќен.

Сподели на Facebook
пати видено