Археолозите во Турција неодамна откопале исклучително добро зачуван мозаик во остатоците на зграда од 3. век. Еден дел од трипанелното уметничк дело прикажува подлегнат костур со раката над неговата глава, додека во другата рака која му е потпрена на векна леб држи чаша вино. Од двете страни на неговата глава на грчки е напишано: „Биди весел и живеј си го животот“. За која намена служел објектот околу мозаикот е сѐ уште предмет на дебата. Некои експерти сметаат дека триптихот едноставно бил дел од подот на куќата на богат човек кој можел да си го дозволи тоа, додека други сметаат дека мозаикот се наоѓал во кујната и им порачувал на посетителите да си ја земат храната брзо и да си заминат.

ar01 ar02

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено