Додека мнозинството граѓани во развиените земји се потпираат на масовното производство на храна од страна на големи компании, која потоа се пакува и транспортира за да ги задоволи потребите на домаќинствата, рускиот народ си се храни сам и тоа здраво. Тие немаат голема потреба од производство на големо, затоа што нивната земјоделска економија се потпира на ситното стопанство, претежно органско производство, и на способните раце на рускиот народ.

Russia1

Во 2011 година, 51 процент од руската храна се произведувала во домашните градини крај популарните руски дачи. Дачите се еден од руските национални симболи. Тоа е куќичка којашто е нешто помеѓу викендичка и селска куќа. Зборот дача во рускиот се појавил во 18. век и е изведен од глаголот „давать“ (дава), бидејќи царот на својата аристократија ѝ давал парче земја како награда за верната служба. Од тогаш се создала традиција голем дел од руските граѓани топлите денови од годината да ги минуваат на нивните дачи. 11 проценти од производството на храна е во рацете на селските земјоделци, а останатите 39 отсто се оставени на големите земјоделски претпријатија.

Кога малку подетално ќе се задлабочите во бројките наведени од руската служба за статистика, ќе откриете некои навистина впечатливи податоци. Во 2011 година, дача градините произведувале над 80 проценти од овошјето во земјата, над 66 проценти од зеленчукот, при што речиси 80 проценти од компирот, а исто така и 50 проценти од снабдувањето со млеко во земјата. Сите овие производи најчесто се конзумираат свежи.

Оваа импресивна статистика предизвикува човек да се запраша, зошто човештвото едноставно не го следи рускиот пример. Можеби на Русите одгледувањето сопствена храна им е во крвта, но едно е сигурно – ова е прекрасен пример на кој сите луѓе во светот би требало да се угледаат.

Russia2-1024x679

Уште од мала возраст Русите се охрабрувани да ја копаат земјата и да засадуваат растенија. За време на комунистичкиот период, учениците биле обврзани да ги посетуваат нивните локални земјоделски имоти за се стекнат од прва рака со искуство за тоа како се произведува храна. Во тој период дури деведесет отсто од руската храна доаѓала од дача градините.Во тој период, од секое дете се очекувало да учествува во семејното производство на зеленчук и овошје, при што сите биле свесни за важноста на тоа да се биде во допир со природата и одгледувањето на биодинамична храна богата со хранливи материи.

Процентот на храна која се одгледува во руските дачи оттогаш опаднал, но сепак голем дел од руските потреби се задоволуваат од домашните градини. Не е невообичаено да се прошетате низ улиците на големите руски градови како Санкт Петерсбург, и да наидете на луѓе кои продаваат овошје, зеленчук и разни други билки од нивните домашни градини.

За разлика од повеќето замји во Европа и САД, во руските градови има голем број на мали продавници кадешто се проадава домашно произведена храна од најразличен вид. Ова во голема мера е поттиканто со законот од 2003 година со кој руската влада на своите граѓани им овозможи бесплатно да приватизираат парцели од еден до три хектари, на тој начин овозможувајќи им на луѓето да станат што е можно понезависни.

Можноста да се контролира производството, дистрибуцијата и квалитетот на храната е една од најважните слободи коишто ги има еден народ, така што овој потфат на руската држава е за секоја пофалба. Со моќта на производството на храна во рацете на народот, големите корпорации и институционални пазари се спречени да доминираат со глобалниот систем за исхрана.

Русија не е единствената земја во која луѓето во голема мера сами си ја произведуваат храната. Во Хавана, главниот град на Куба, 90 проценти од овошјето и зеленчукот доаѓа од локалните урбани фарми и градини.

Сподели на Facebook
пати видено