На Кен Бојер веќе му била дијагностицирана крајна фаза од рак, кога тој добил порака на Фејсбук од Мишел “Шели” Кимбел. Тие двајцата се запознале пред 20 години во Мисури, кога Кен имал свој бар, но нивните животи тргнале во спротивен правец и изгубиле контакт.

Ова траело долги години, се додека на листата за „предложени пријатели“ на Шели не ѝ излегло името и презимето на нејзината одамна заборавена љубов.

По краток разговор Кен ја објаснил неговата состојба на Шели и и рекол дека моментално се грижи сам за себе. За Шели тоа било неприфатливо и таа веднаш побарала одмор од работа за да му помогне на Кен.

Таа тргнала со првиот лет кон Флорида и веднаш ја прифатила понудата за брак од Кен, само неколку часа по нејзиното пристигнување.

Кен својот брак го опишува како „Најдобар можен начин да се заврши еден добар живот“. Тој не сакал да открие од каков тип на рак боледува и уште колку време му останува од животот, но признава дека иако му било многу тешко да ја прифати сопствената смрт, сепак сега е сигурен дека имал среќен и исполнет живот.

Сподели на Facebook
пати видено