Жената која умрела од висинска болест искачувајќи се на Монт Еверест, го прифатила тој предизвик за да докаже дека „веганите можат сѐ“. Марија Страјдом умрела во сабота попладне, откако морала да се врати од последната етапа на искачувањето бидејќи ѝ се слошило. Се вратила во кампот 4, последниот камп пред врвот, каде што ја минала ноќта, но следниот ден умрела поради недостаток на кислород.

34-годишната јужноафриканка предавала на универзитетот Монаш во Мелбурн и била искусен алпинист. Нејзиниот сопруг Роберт Гропел е исто така повреден, но е во стабилна состојба и вон животна опасност. Неколку недели пред нејзината смрт, д-р Страјдом кажала дека таа и нејзиниот сопруг сакаат да го срушат верувањето дека веганите се слаби и потхранети.

„Со искачувањето на седум врвови сакаме да докажеме дека веганите можат сѐ, и многу повеќе од тоа“, рекла таа во интервју.

al01 al02 al03 al04 al05 al07 al08 al09 al10 ал06

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено