Ова е трогателниот момент кога кадет на Вест Поинт се расплакал кога конечно успеал да го оствари својот сон да дипломира на американската воена академија. Емотивниот Аликс Ајдрих од Хаити е снимен целиот облеан во солзи за време на свечената церемонија во сабота. Кадетот дипломирал меѓу врвните 25 во својата класа и стекнал чин потпоручник, заедно со речиси 1000 негови колеги.

kd01

Трогателната слика била објавена на Инстаграм од страна на Академијата, при што добил многу пораки за поддршка и честитки. Ајдрих коментирал дека бил „преплавен од чувства“.

kd02

„Три нешта ми дојдоа на ум и тоа доведе до тие солзи“, објаснува тој. „Првата е дека јас сум од Хаити и никогаш не си замислував дека еден ден ќе ми биде укажана таква чест. Втората е, каде сум јас. Мажи и жени кои ја зачувале најосновната суштина на човечкото битисување стоеле на тоа место и ја давале истата заклетва. Луѓе кои ја зачувале Унијата во мрачни периоди на историјата на оваа земја. Третата е мојата иднина. Набргу по напуштањето на академијата, ќе започнам со пилотксата школа во Форт Рукер. Претставата дека еден ден ќе бидам пилот не може да се опише со зборови.

kd03

Не можев, а да не бидам обземен од чувства, знаејќи дека јас ќе предводам луѓе кои се подготвени да дадат сѐ од себе за да ги зачуваат нашите вредности, како американскиот начин на живот. За мене, тоа е најголема чест.“

Сподели на Facebook
пати видено