Фамозниот тестамент на Александар Македонски можеби конечно е пронајден 2000 години по неговата смрт. Експерт од Лондон тврди дека го нашол тестаментот скриен во древен текст кој со векови се криел пред очите на светската јавност. Во тестаментот наводно биле искажани плановите на Александар за неговото царство, како и неговата желба за погребното место и наследниците на неговото огромно богатство и моќ.

al01

Сведоштво за изгубениот тестамент може да се најде во древниот ракопис познат како „Александрида“, популарен средновековен роман за Александар МАакедонски, за кој се верува дека е напишан од Псевдо-Калистен. Веројатно сочинето еден век по смртта на Александар, писанието содржи непроценливи историски фрагменти за неговите походи во Персија.

al02

Историчарите долго верувале дека последното поглавје од книгата содржи политички памфлет во кој е поместен тестаментот на Александар, но досега тоа се отфрлало како фикција.

Но, десетгодишен истражувачки проект од страна на Дејвид Грант, експерт за животот и делото Александар Македонски од Велика Британија, посочува поинаку. Неговото откритие е опишано во новата книга „Во потрага по изгубениот тестамент на Александар Велики“.

al04

Тој верува дека оригиналот на тестаментот бил скриен од најмоќните генерали на Александар, поради тоа што во него за негови наследници биле именувани неговиот полуазиски син Александар Четврти и постариот вонбрачен син Херакле. Не сакајќи да прифатат водство од тие коишто моќните македонски генерали ги сметале за „неблагородни“ синови, што било „незамисливо“, генералите во текот на следните години се бореле меѓу себе за моќта и богатството на огромната држава која ја основал Александар.

al05

Грант верува дека во следните децении тестаментот на Александар бил внимателно препишан и распространет во вид на политички памфлет, како дел од политичката борба меѓу соперниците. Доколку теоријата на Грант се покаже како точна, ќе биде вистинска пресвртница во историјата.

al03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено