Мајка која што го напуштила своето бебе поради тоа што имало деформитет, во реално ТВ шоу ветила дека ќе ја прими назад доколку направи неколку пластични операции.

17-годишната Катја Бадаева, која израснала во дом за деца без родители во Русија, сакала повторно да има семејство и прифатила да оди на операција, по што починала на операционата маса.

Нејзината мајка изјавила во емисијата дека дека за да ја прими назад таа треба да има „нормално лице“. Мајката по име Надежда објаснила во реалното ТВ шоу „Оставете ги да зборуваат“ дека ја оставила ќерката во дом за деца без родители затоа што живеела во село и би била осудувана и локалците не би ја прифатиле ќерка и таква.

„Ако сака да има нормален семеен живот Катја првин треба да има нормално лице.“, изјавила Надежда во емисијата. Таа исто така кажала дека и кажале дека детето нема да живее долго и затоа ја оставила. Надежда има и три здрави деца, сите момчиња.

Мајката вели дека не ги обвинува лекарите за смртта на Катја и изјавила: „Не можам да си го вратам детето. Таа направи тестови пред операцијата, најверојатно Господ и дал толку време од животот.“

По операцијата Катја доживеала срцев удар и веднаш починала. Лекарите велат дека дошло до компликација и дека тоа не е нивна вина. Полицијата го истражува случајот и ќе се утврди што се случило по аутопсијата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено