Оваа мало кученце седи пред домот на неговата сопственичка, веќе три години и чека таа да се врати. Сопственичката била постара жена од Јужна Кореја и сега се наоѓа во дом за стари лица, затоа што има деменција. Жената го посвоила кучето откако го нашла на улица и му го дала името Фу Ши. Тие живееле среќно се додека сопственичката не доживеала мозочен удар, што резултирало до деменција.

Соседите тврдат дека кучето седи пред куќата секој ден, а кога ќе се стемни влегува внатре во куќата за да спие. Малото куче преживеало благодарение на храната што му ја давале соседите. Тие повикале невладина организација за заштита на животни и по преглед кај ветеринар заклучиле дека кучето има 8 години. Исто така откриле дека кучето има глисти, по што веднаш му била дадена терапија.

Поради тоа што приказната била опфатена во сите медиуми во Јужна Кореја, кучето веднаш било посвоено од друго семејство, кое му го дало името Скај.

Сподели на Facebook
пати видено