Официјално, најдолговечниот човек во историјата е Французинката Жана Луиза Калман, која починала на 122 години, но неофицијално тоа ке Кинезот Ли Цинјун, кој според некои извори живеел 190 години, а според други дури 256 години. Која била неговата тајна?

Ли Цинјун тврдел дека се родил во 1736, но еден професор од универзитетот Минкуо нашол податоци дека бил роден значително порано, во 1677 година. Затоа има дилема колку години живеел.

Ли се родил во провинцијата Сечуан и таму го поминал целиот свој живот. Уште од рана возраст тој се заинтересирал за проблемот на долговечноста, но неговиот живот бил сосема спротивен од изолираниот живот на монасите. Ли живеел динамичен живот, тој имал 23 жени и 200 деца.

Кога Ли имал 71 година, во 1748 година се преселил во округот Каи за да ѝ се приклучи на кинеската армија и да ги учи војниците на древните боречки вештини.

Тој многу ја сакал природата и боречките вештини. Уште од рана возраст почнал да собира тревки, а подоцна во животот набавувал тревки дури од Тајланд. Поголемиот дел од тревките тој ги собирал за себе, правејќи си разноразни чаеви, а дел давал и на пријатели.

Се разбира, кога станува збор за начинот на живот на Ли, ништо ново нема да се слушне: Кинезот никогаш не пушел, никогаш не пиел алкохол, јадел редовно, легнувал рано и се будел на изгрејсонце.

Има гласини дека тајната на долговечноста на Ли е во неговиот магичен еликсири, рецепт кој тој никако не сакал да го открие. На тоа укажува и фактот дека во местото каде што бил роден Ли, имало голем број на луѓе кои живееле до импресивна возраст. Луѓето кои го познавале велеле дека е многу дарежлив човек.

Други велат дека за овој феномен „виновна“ е само генетиката.

Ли имал неверојатно голема меморија. Тој лесно можел да се сети на настан што се случил пред 150 години. Локалните жители тврделе дека Ли се сеќавал на детали од нивните животи од најраната младост па сѐ до староста.

Еднаш Ли рекол дека тајната на неговата долговечност е едноставна: „Чувајте го срцето мирно, седете како желка, одете весело како гулаб и да спијте како куче“. Тој токму тоа и го правел. Можел со часови да седи спокоен како желка, со затворени очи, со рацете на колената и цело време размислувал. Ли тврдел дека „Мирен ум може да ви обезбеди минимум 100 години здрав живот“.

Дури и откако починал, луѓето тврделе дека тоа било по негов избор, затоа што пред смртта рекол: „Навистина, сè што требаше да направам во овој свет, направив. Сега ќе си одам дома“

Сподели на Facebook
пати видено