Протестантски свештеник, пасторот Парис Валас бил пријавен за исчезнат од неговата загрижена сопруга. Тој отпатувал во Ново Мексико по потрага на скриен ковчег, кој би требало да содржи богатство од над 1 милион долари.

Богатството било закопано во 2010 од страна на писателот Форест Фен, кој напишал две книги со скриени траги како да се најде богатството. Во 2016 на истата потрага исчезнал и Ренди Били, чие што тело подоцна било пронајдено во близина на Кочити езерото.

Парис Валас

Кога 52-годишниот Валас исчезнал неговиот пријател, кој и самиот бил во потрага по богатството 19 пати се посомневал дека Парис заминал на своја потрага и побарал помош на форумот за обожаватели на Форест Фен. Една жена која што го знаела регионот и била во близина, тргнала да провери и го пронашла автомобилот на пасторот и тогаш ја известила полицијата.

Сопругата на пасторот исто така го потврдила сомнежот дека Парис го барал богатството. Неколку дена подоцна полицијата пронашла ранец и јаже врзано за карпа. Во автомобилот на ПАрис пронашле фискална сметка за купено исто такво јаже.

Форест Фен

Писателот Форест Фен, кој што сега има 86 години, ги охрабрува читателите да го бараат богатството од трагите оставени во неговите две книги, „Возбудата од потерата“ и „Премногу долго за пешачење“. Тој изјавил дека го закопал богатството во 2010 година за да ги поттикне семејствата да поминуваат повеќе време заедно.

„Ужасно е што човек исчезнал. Се молам за да го пронајдат жив и здрав. Да бев 10 години помлад ќе го барав и самиот. Тажно е што стотици ловци на богатство и планинари се губат да годишно ниво во нашите шуми.“, вели писателот Фен.

Има правило поставено на веб страната на Фен, кое вели дека никој не треба да оди на потрагата по богатство сам. Фен вели дека богатството не е скриено на некое опасно место и луѓето да не одат каде што не би можел да отиде 80 годишен старец. Сепак голем број од луѓето одат високо во Карпестите Планини во потрага по богатсвото.

Ренди Били

Минатата година татко на две деца, Ренди Били, исчезна а подоцна бил пронајден мртов. Неговата сопруга изјавила дека целата приказна со богатството е измама и незјиниот сопруг го изгубил животот поради тоа.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено