Дали можете да замислите да сте заробени во кафез до крајот на животот? За жал ова е судбината на голем број диви животни кои се сместени во зоолошките градини ширум светот. Сепак нивниот начин на живот зависи и од условите во зоолошката градина во која живеат. Иако има многу сведоштва за ужасни услови во зоолошки градини каде што животните се измачувани и гладуваат, поретко се откриваат приказните за тоа како тие животни пристигнале до зоолошката градина.

На видеото се гледа ккао група на луѓе ловат мали слончиња за да ги носат во зоолошките градини во Кина. Во Зимбабве ловот на слонови е дозволен а суровоста на луѓето кон нив нема крај. Овие слонови се соборуваат со средства за смирување, а потоа се врзуваат и се пренесуваат со хеликоптер за да се одвојат од останатите од стадото, за да бидат пренесени во камион.

На снимката се гледа дека го клоцаат малото слонче иако не претставува закана за неговите киднапери. Луѓето при овој лов успеале да заробар 14 слонови, а планирале да фатат околу 40. Истата зоолошка градина која треба да се отвори во Кина, минатата година порачала 11 хиени, кои што биле вратени во дивината затоа што кога биле пронајдени во камион до аеродромот сите биле изгладени, дехидрирани, а некои од нив и тешко повредени. Во изминатите 20 години илјадници слонови биле заробени во Африка и Азија за да бидат продадени на зоолошките градини ширум светот.

Сподели на Facebook
пати видено