Студентка која мислела дека начекала багатела кога нашла дизајнерски перничиња по цена од само 13 евра, доживеала огромен шок кога пристигнале и видела дека се работи за минијатурни перничиња за кукли. 22-годишната Јасмин Џаде Зурти ги одвиткала двете црни перничиња кои ги нарачала при преуредувањето на нејзината спална соба, и била запрепастена гога видела дека тие се многу помали отколку што ги замислувала. Отпрвин мислела дека е шега, но се испоставило дека тоа се перничиња за куќичка за кукли.

gl01

„Мислев дека ги најдов за одлична цена и дека изгледаат отмено. Кога го отворив пакетот, извесно време стоев со нив во раката, мислејќи си – и што сега треба да правам со овие?!“

gl02

Јасмин ја објавила својата „зделка на векот“ на интернет, и тоа било споделено 23 000 пати и добило „лајк“ од повеќе од 100 000 луѓе. И бидејќи нејзините перници станале толку популарни, таа ги ставила на својот шкаф, за посетителите да можат да ги видат кога ѝ доаѓаат на гости.

gl03

Сподели на Facebook
пати видено