Лошото држење на телото не е убава глетка и со текот на времето може да почне да ве истоштува и да ви се одразува на вашето тело.Сепак, советите на вашата мајка или вашата учителка да стоите и седите исправено се многу добри совети! Во денешно време сѐ повеќе и повеќе луѓе имаат проблеми со тоа. Прекумерната тежина, прекумерното седење на компјутер, стресот – сето тоа може да допринесе за овој проблем. Грбните мускули ни стануваат ѐ послаби и послаби. Како да го поправиме тоа?

Легнете на стомак со лицето кон подот. Полека и внимателно кренете го горниот дел од телото со главата нагоре. Кренете го телото колку што ви е удобно, не правете ништо со сила. Држете ги рацете крај телото и дланките врз колковите. Оваа вежба ги активира мускулите на грбот, како и ножните мускули. Вежбајте ја вежбава десеттина минути.

За првиот пат е доволно да се поткренете десет пати. Повторувајте ја вежбата секој ден и постепено зголемувајте го бројот на поткревања. Со текот на времето, вашиот грб ќе зајакне и ќе се исправи, и повеќе нема да имате проблеми со пнеравилното држење на телото.

The Perfect Exercise For Poor Body Posture

Сподели на Facebook
пати видено