„Black Friday ќе биде одбележан и во Скопје Сити Мол, како ден сосема поразличен од сите останати, исполнет со многу попусти и изненадувања. Главниот акцент на овој ден на глобално ниво е на електронските уреди и технолгијата, но Скопје Сити Мол во рамки на својата организација ќе  обедини интересни акции кои интернационалните и домашните технолошки и текстилни брендови ги креираа за овој ден.”

Скопје (27.11.2014) Налик светските метрополи и Скопје ќе го зафати „Black Friday” шопинг лудило! Скопје Сити Мол ќе се вклучи во шопинг манијата препознатлива низ светот, а е воедно најава за новогодишните празници и предновогодишните шопинг активности кои се заштитен знак за секое семејство.

Што е главната инспирација за „Black Friday”  и што Ве очекува во Скопје Сити Мол?

Секако, она што секаде низ Европа и светот е задолжително за овој ден, а тоа се попусти! За граѓаните се овозможени намалувања кај голем дел од закупците, кои ќе се движат од  20% проценти па нагорe. Интересно е да се напомене дека во продавниците за бела техника, предвидени се големи изненадувања, но од друга страна не треба да се заборават и омилените модни брендови, каде дефинитивно секој ќе може да пронајде ново модно парче.

Токму фактот што низ светот главен фокус се става на технологијата, а во Скопје Сити Мол ќе бидат опфатени брендови од различни дејности, е добра причина и покана за граѓаните, во пресрет на викендот, да поминат дел од својот Петок во најголемиот мол во државата.

Од таму најавуваат и дополнителна забавна програма, која воедно ќе биде и  изненадувањето на денот, а ќе биде откриена на, како што често се нарекува овој ден , „денот посветен на шопингот”!

skopje

Сподели на Facebook
пати видено