Соосновачот на Apple, Стив Возниак штотуку го основа Woz U, нов дигитален институт наменета за оние кои се залага за кариера во технолошката индустрија.

„Нашата цел е да ги едуцираме и да ги обучиме луѓето со употребливи дигитални вештини без да ги ставаме во долгови“, изјави Возниак во соопштението. „Луѓето често се плашат да изберат кариера базирана на технологијата, бидејќи мислат дека не можат да го направат тоа. Знам дека можат и сакам да им покажам како.“, додаде тој.

Моментално Woz U има само онлајн програми наменети за развивачите на софтвер и специјалисти за компјутерска поддршка, но програмите за наука за податоци, мобилни апликации и сајбер-безбедност ќе бидат достапни следната година. И Woz U планира да изгради физички кампуси во повеќе од 30 градови низ светот.

Другите придонеси од институтот вклучуваат Woz U Education, која обезбедува училишта од К-12 со STEAM програми, Woz U Enterprise, кој ќе им помогне на претпријатијата да регрутираат и да ги преквалификуваат вработените за новите технологии и Woz U Accelerator – програма од 12 до 16 месеци во 2019 година за идентификување и развој на елитен талент. Исто така постои и мобилна апликација која ќе им помогне на потенцијалните студенти на Woz U да сфатат кој технолошки пат најдобро им одговара на нив.

„Целиот мој живот работев да се изгради, да се развие и да се создаде подобар свет преку технологијата и јас секогаш го почитував образованието“, рече Возниак. „Сега е време за Woz U и ние само што започнавме.“

Сподели на Facebook
пати видено