Користејќи снимки од мозокот на 46.034 луѓе, научници се обидоа да идентификуваат колку мозочните активности се разликуаат помеѓу мажите и жените, особено како се манифестираат психичките состојби.

Како што е соопштено во Journal of Alzheimer’s Disease, резултатите покажале дека здравите жени имале значително повеќе активност во повеќе други делови од мозокот отколку кај мажите. Сепак, покажало дека здравите мажи имаат значително повисоки нивоа на активност во одредени области на мозокот.

„Ова е многу важно истражување за да се разберат разликите во мозокот врз основа на полот. Квантитативните разлики што ги идентификувавме меѓу мажите и жените се важни за разбирање Родово-заснован ризик за нарушувања на мозокот, како што е Алцхајмеровата болест.“, изјавил Даниел Г Амен, водечкиот автор на истражувањето и психијатар.

Истражувачите направиле снимки од мозокот со помош на SPECT, технологија на компјутерска томографија со единечна фотонска емисија за мерење на протокот на крв, што укажува на мозочната активност.

Според истражувањето, оваа техника покажала дека жените имаат повеќе активен префронтален кортекс, дел од мозокот поврзан со контрола на импулсот и фокус, како и лимбичкиот систем, поврзан со нивото на расположение и анксиозност. Тие велат дека ова би можело да објасни зошто жените имаат тенденција да покажат поголема емпатија, интуиција и самоконтрола. Од друга страна, визуелните и координативните центри на мозокот се покажале како поактивни кај мажите.

Пред да се изведат заклучоци мора да се посочи дека најголемиот дел од примероците имале некоја психолошка состојба, како што се траума на мозокот, биполарни пореметувања, нарушувања на расположението, шизофренија / психотични нарушувања, хиперактивност и слично. Околу 115 примероци биле сосема здрави луѓе. Затоа не би можело да се земе истражувањето како целина, иако научниците тврдат дека има големи разлики во активностите кај здравите примероци.

Целта на истражувањето е да се утврди на кои психолошки болести се посклони двата пола. На пример, авторите на истражувањето велат дека жените се повеќе изложени на ризик од Алцхајмерова болест, депресија, анксиозни нарушувања и нарушувања во исхраната. Кај мажите пак има почести случаи на хиперактивност.

Сподели на Facebook
пати видено