Програма за рехабилитација на поранешните борци на ИСИС и други екстремисти им нуди вдомување, вработување, образование и финансиска поддршка. Властите велат дека овие контроверзни мерки целат кон тоа џихадистите повратници повторно да се интегрираат во шведското општество и со тоа да бидат спречени да се вратат во нивните поранешни терористички мрежи.

sv01

Ана Сјостранд, општински координатор против насилен екстремизам, признава дека овие предлог мерки се контроверзни, но тврди дека истите би требало да бидат применети врз дезертерите од ИД, како и тие кои го напуштаат организираниот криминал и неонацистичките групи.

„Кога се појави оваа тема, си помисливме: О Боже, како ќе се справиме со ова“, кажала таа за националното шведско радио. „Набргу увидовме дека би требало да се справиме на ист начин. Ако сте извршиле злосторство, ќе треба да си ги сносите последиците, но има многу аспекти во врска со тоа – на пример, човек би требало да се запраша и за трошоците. Многу поевтино е една личност да се реинтегрира во општеството отколку да биде напуштена, на пример.“

Кристофер Карлсон, криминолог, вели дека ги поддржува плановите откако за Шведската влада изработил извештај за екстремистичките дезертери. Тој изјавил дека на луѓето кои напуштаат терористичка група како ИД им треба начин како да излезат од нивната мрежа и потоа да не паднат пак назад во нив. „Ви требаат средства, треба да се реинтегрирате на пазарот на трудот, ви треба возачка дозвола, ви треба покрив над главата. Не гледам зошто би требало да ги третирате луѓето кои го напуштаат екстремниот тероризам различно од младите криминалци кои ја добиваат таа помош.“

Во неодамнешен извештај се открива дека мнозинството Европејци кои се борат за ИД се со криминално досие, привлечени од пропагандата на терористите дека на тој начин ќе се искупат за своите недела. Овој пристап за првпат применет од Лунд се разгледува и во други шведски градови како Малме, Борленге и Еребру. Се верува дека во Шведска се вратиле 140 од 300 граѓани на земјата кои отпатувале на Блискиот Исток за да се придружат на исламистчката група.

Според статистиките, Шведска е меѓу земјите со најголем број свои граѓани кои се борат за ИСИС.

Сподели на Facebook
пати видено