Објавена е шопинг листата на студентка од Сиднеј која наводно се изнакупувала откако случајно ѝ биле подарени 4,6 милиони австралиски долари од страна на банкарската група Вестпак. Студентката од Малезија Кристин Џиа Ксин Ли си избрала скапи „марка“ чанти во секаква боја, чанти од змиска кожа, блескав накит, како и облека од Кристијан Диор, а тоа е само дел од сѐ што било најдено во нејзиниот дом во Сиднеј.

Кога властите упаднале во нејзиниот дом, имало голем број на чанти, облека, чевли и ќеси и кутии расфрлани по подот. Меѓу 24-те запленети скапи предмети имало чанти Диор, Хермес и Шанел, од кои повеќето со сертификат за автентичност. Властите неколку часа ги сортирале предметите, ги сликале и ги спакувале во три куфери и три чанти Диор, по што ги однеле на безбедно место на Вестпак. Во еден ден Крстин успеала да потроши 220 000 долари во продавницата на Кристијан Диор во Сиднеј, како и 150 000 долари на чанта од крокодилска кожа Хермес.

Вестпак покренал обвинение против девојката, а федералниот суд наредил конфискација на нејзиниот имот. Ли била уапсена додека се обидувала да се качи на авион за Малезија, пред неколку недели. Наводно изјавила дека не знаела дека парите припаѓаат на Вестпак, туку дека ѝ ги испратиле нејзините родители. Нејзините родители во МАлезија поседуваат куќа во приближна вредност од 100 000 долари. Како ќе заврши случајот, останува да се види.

ml01 ml02 ml03 ml04 ml05 ml06 ml07 ml08 ml09 ml10 ml11 ml12 ml13 ml14 ml15 ml16 ml17 ml18 ml19 ml20 ml21 ml22 ml23 ml24 ml25 ml26 ml27 ml28 ml29

Сподели на Facebook
пати видено