Двајца млади авантуристи се воделе за исчезнати 47 дена. Лианг Шенг-Јуех,20 години и неговата девојка 18-годишната Лиу Чен-Чун биле пронајдени во областа Дадинг, Непал, но за жал девојката не преживеала, а Лианг бил во многу лоша здравствена состојба.

Лиу починала само три дена пред да пристигнат спасувачите, додека Лианг преживеал иако изгубил многу од телесната тежина, едната нога му била покриена со ларви, а косата му била полна со вошки. Неухранетиот Лианг сега се наоѓа во болница во Катманду.

Двојката од Тајван ја следела реката низводно со надеж дека ќе најдат некое населено место, но останале заглавени кога стигнале до водопад и не можеле повторно да се искачат назад. Тие се наоѓале на околу 2.600 метри надморска височина, во близина на селото Типлинг. Преживеале со компири и тестенини што ги носеле со себе, но откако ја потрошиле таа храна останале само на сол и вода.

Докторите кои го лекуваат Лианг велат дека и покрај неговата тешка состојба тој се опоравува. Семејствата на Лианг и Лиу ги известиле властите на 10ти март, откако не можеле да ги добијат телефонски своите деца. Таткото на Лианг допатувал во Непал и платил хеликоптер за да може лично да ги бара.

Младите авантуристи биле на “патување од соништата” со велосипед преку Индија до Непал, но за оваа планинарење тие тргнале сами, без водич.

Сподели на Facebook
пати видено