16-годишниот Амари Хал од Мериленд е роден со синдром на хипопластично лево срце. Тој конечно успеал да добие ново срце, откако чекал неколку месеци за трансплантација. 6 дена по операцијата Амари игра во болничкиот кревет, што ги разнежи срцата на болничкиот персонал, неговото семејство а подоцна и целиот свет. Амар вели: „Сакам да танцувам со дамите.“

Кога наполнил 14 години неговиот проблем со срцето станал посериозен, тој повеќе немал енергија за да танцува. Затоа кога го добил новото срце тоа е првата работа што му паднала на ум. Веселиот Амари успеал да го разигра и медицинскиот персонал.

Неговата тетка која го снимила видеото се надева дека ќе успее да го види идолот на Амари, Леброн Џејмс, но најмногу од се се надева дека видото ќе им даде надеж на оние деца кои што се во слична ситуација и да се зголеми свеста за донирање на органи.

Сподели на Facebook
пати видено